Мицкоски за изборите: Канал на комуникација постои, ако има договор ќе го соопштиме
На прашањето дали треба да има лидерска средба кај шефот на државата Стево Пендаровски, Мицкоски рече дека нивниот принцип е јасен дека датумот за изборите треба да биде донесен со консензус на сите кои седлеле на маса кај Пендаровски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не прецизира дали ВМРО-ДПМНЕ би се согласиле како што предлага ДУИ на 5 јули да се оди на предвремени парламентарни избори Тој само кажа дека канал за комуникација со партиите за изборниот датум има, но не откри повеќе детали.
– Нашите позиции за предвремените парламентарни избори ги знае македонската јавност. Компромис треба да се постигне, но не по цена на здравјето на граѓаните. Канал на комуникација постои и не би изнесувал дополнителни коментари. Не сме сите исти и не се занимаваме со таков тип на брифинзи. Доколку има договор ќе го соопштиме на јавноста – изјави Мицкоски на прес конференција.
На прашањето дали треба да има лидерска средба кај шефот на државата Стево Пендаровски, Мицкоски рече дека нивниот принцип е јасен дека датумот за изборите треба да биде донесен со консензус на сите кои седлеле на маса кај Пендаровски без разлика што неки кои седеле на таа маса сега се во коалиција.
Тој посочи и дека партиите треба да бидат консултирани и за вонредната состојба и потсети дека при прогласувањето на втората вонредна состојба тие не биле консултирани.
– За втората состојба имавме спротивен став оти ако сме ја победиле пандемијата не требаше дасе донес втората вонредна состојба. Таа беше прогласена за Заев да изврши поткуп на граѓаните пред избори. Но тоа нема да им успее – рече Мицкоски.
Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на избори ако владата одлучи да ги организира на 21 јуни, како што најавува доколку не биде постигнат договор, Мицкоски истакна дека партијата нема да учествува во таков изборен процес.
– Ние сме го кажале нашиот став по тоа прашање. Консензус треба да има. Кога е носена уредбата немаше консензус бидејќи нашиот претставник во ТВ беше воздржан и не ја поддржа истата уредба. Ако тие ценат дека така треба да менаџираат со државата тогаш нека им е со среќа изборниот процес – рече Мицкоски.