Мицкоски за „Дојче веле“: Власта нема доволно тестови за коронавирусот!

На прашањето дали неговата партија може да седне на заедничка маса со власта и таму да биде извршена координација и да бидат понудени предлози, Мицкоски вели дека и тој и ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање.

373

Седум дена траеше „медениот месец“ на Венко Филипче и на останатите од власта, ама тој меден месец заврши, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Дојче веле.

За справувањето со коронавирусот, тој обвини дека власта нема доволно тестови, па токму затоа се тестираат само најакутните случаи и оние кои имале контакт со заразените.






– Не можеме да аплаудираме. Мора реално да гледаме на состојбите во државата. Јавно ќе поставам прашање: со колку здравствен персонал – лекари и средномедицински кадар, располага здравството? Колку епидемиолози има? Каде се ангажирани тие? Зошто досега се направени само околу 260 тестови? Одговорот е јасен: затоа што немаат тестови. Се тестираат само најакутните случаи, и оние кои имале контакт со заразен. А, стотици луѓе се вратија од ниско и високоризичните држави – вели Мицкоски.

На прашањето дали неговата партија може да седне на заедничка маса со власта и таму да биде извршена координација и да бидат понудени предлози, Мицкоски вели дека и тој и ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање.

– Ние стоиме на располагање. Реков, игнорирани сме од власта, а состојбата е загрижувачка. Вчера попладнето се потврдени нови случаи. Заболено е четиригодишно девојче од Штип, од видно семејство вратено од Лондон. Заболено е лице од Гостивар, од Скопје… Фронтот на заразата се шири. Не се веќе во прашање само Дебар и Жупа. Нам не ни треба министер кој ќе се однесува како портпарол којшто само соопштува бројки на заболени, туку да каже кои протоколи се аплицирани. Или, колкави се стоковите резерви? Бидејќи, прашање на ден е кога ќе се надмине бројката од 100 заразени. Кој ќе ја соопшти таа бројка? Пак ли ќе му аплаудираме? Или ќе се качиме кај хациендата во Нерези, таму да аплаудираме? Еве, во тек е набавка на 50 респираторни апарати. Четири компании се пријавиле. Ги знаеме понудите, ги знаеме цените, ајде да видиме на каква цена ќе го потпишат договорот. Знаеме и кои министри на кој амбасадор на нашата држава му се јавувале, за да најде вакви уреди во таа земја каде што е амбасадор, кои потоа приватна компанија требало да ги увезе во Mакедонија, а истите требало да пристигнат преку ДХЛ – вели Мицкоски.

Целото интервју прочитајте го на Дојче веле.

Поврзани содржини