Мицкоски: За 100 дена добивме вето, трговија со идентитет, поскапа струја, втор ТАТ, рецесија…

329

Стара влада, упропастени нови 100 дена. Криминал, корупција, рекет, сиромаштија на народот. 100 дена влада, 100 дена хаос во државата, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција.

– СДСМ ветија живот, можеле подобро, можеле повеќе, а за 100 дена добивме: Вето на патот кон ЕУ, загубена интеграција. Трговија со идентитет – загубено достоинство. 1400 загубени животи за само сто дена. Поскапа струја. Загубени заштеди – пропадната банка. Втор ТАТ, овој пат тежок 200 милиони евра. Економија во рецесија. Ова не се работи кои се случија за 10 години, туку загуби за 100 дена Влада на Заев – рече Мицкоски.

Поврзани содржини