Мицкоски: Времето на циркузанти помина, мојот сон е Македонија за сите луѓе
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ реагираше на пораките кои денеска му ги упати министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски од граѓанската трибина во Гостивар.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се јави со реакција на социјалната мрежа Фејсбук, за пораките кои денеска му ги упати министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски од граѓанската трибина во Гостивар.
– Министерот кој потпиша македонски пасоши на балкански нарко босови, а нема за македонските граѓани, нема регистарски таблички, осуденици му бегаа од затвори, се прислушкуваа обвинители и судии, шверцуваа цигари градоначалници, шверцуваа дрога и мигранти полициски началници и што ли уште не, зборува за реформи! Ова е нашата реалност што ја нудат овие луѓе. Криминал, корупција, срам и порази. Јас нема да зборувам на нивото како овој човек. Времето на политичките измамници и циркузанти помина. На народот му се потребни решенија. Мојот сон е Македонија за сите луѓе – напиша Мицкоски.