Мицкоски: Во земјава владеат две мафии, едната на Заев и другата се покори да му служи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ подвлече дека поради реваншизмот на криминалната власт има невини луѓе во затвори.

1,328

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот протест против реваншизмот и неправдата говореше за две мафии. Едната на Зоран Заев и другата која му се покори, како што рече на Заев, мислејќи на сопартијците кои бараат негова оставка.

– Во затворите има луѓе поради политички прогон, а оние за кои Заев велеше дека се криминалци сега се најблиску до него. Двете мафии, онаа на Заев и онаа која се покори да му служи, сакаат да имаат две партии. Но, ВМРО никој и никогаш не го покорил. До кога ќе ја чекаме правдата? 30 години овој народ чека. Одбиваме да ги потршиме нашите животи во чекање. Неправда е кога се тепаат новинари и критичари. Зарем тоа треба да се одмолчи? –  рече Мицкоски.






Тој подвлече дека поради реваншизмот на криминалната власт има невини луѓе во затвори.

– Во овој хибриден режим се владее со терор, притисок и реваншизам. Ништо не се смени овие четири години. Оваа влада живее во очекувањата во кои ги креира и нема решеение за проблемите – рече Мицкоски.

Тој побара власта да даде можност опозицијата да предложи Јавен обвинител, како што власта ветуваше претходно. Потоа под итно да се спречи реваншизмот, притисоците и политичките етикетирања во институциите. Мицкоски побара и да се донесе  нов Закон за заштита од дискриминација како и сите предмети кои се познати во јавноста каде што  е почуствувана неправда, да бидат отворени и предмет на ревизија, зошто досега не се постапувало.

– Полна е устата со владеењето на правото! Не може во Македонија да владее правото ако не се знае кој во Македонија незаконски прислушукуваше илјадници граѓани. Не може никој да не сноси одговорност кој ја дал таа наредба! Кој и зошто ги полнеше кутите на референдумот. Не може да има владеење на правото, ако не се открие кој ги прислушкиваше обвинителите и судиите кој се обледонеи кон крајот на 2018 година – рече Мицкоски.

 

Поврзани содржини