Мицкоски во одбрана на Јанкулоска: Осудена е без докази, оти не сакаше да седне во скутот на Заев
Мицкоски тврди дека Јанкулоска е судена без докази, бидејќи, како што вели, одбрала да не му слугува на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, застана во одбрана на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, откако, Врховниот суд ѝ ја потврди четиригодишната затворска казна која ѝ ја изрече Апелациониот суд.
Мицкоски тврди дека Јанкулоска е судена без докази, бидејќи, како што вели, одбрала да не му слугува на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.
„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило кое го користи власта на Заев, Гордана Јанкуловска ќе оди во затвор. Ја судеа без докази затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев. Ова не е никаква правда, туку начин да се оттргне вниманието од вистинските скандали, криминали и неуспеси на мафијата на власт. Јанкулоска беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и тука таргетот не е Јанкулоска, туку ВМРО-ДПМНЕ. Оваа одлука на судот е ден по раскрвавената глава на Палевски, и откако целокупното судство и истото обвинителство ги пропушти и амнестираше сите скандали на мафијата. И не заборавајте, Горде е мајка на еден мал ангел, но и ова ќе помине, а срамот на Заев и мафијата за ваквата тортура ќе остане. Мафијата не треба да се плаши од освета, туку од правда, а таа ќе дојде“, напиша Мицкоски на Фејсбук.