Мицкоски: Во ден кога имаме 535 новозаразени, Заев дели концесии за брат му и братучедот

797

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук побара одговорност за последната бројка на новозаразени од ковид-19.

– Националната катастрофа денес зема уште поголеми размери. 535 новозаразени од ковид-19, 6 починати. Политиките на владата удираат во ѕид. Нема резултати од нивните мерки, но има од нивното половично и селективно спроведување. Бројките на заразени покажуваат дека граѓаните се препуштени сами на себе. Ако некој се надева на поддршка од оваа влада фрлена на крадење, треба да знае дека нема да ја добие. Во денот кога над петстотини луѓе се новозаразени, вест е дека владата на премиерот Зоран Заев си доделила концесија на компанијата на својот брат и братучед, и дека европските пари за проекти завршиле кај брат на пратеник од власта – пишува Мицкоски.






Тој додава дека тоа се вика мафија која земјава ја направиле главно упориште на ковид во Европа, рекордер по смрт, зараза и неспособност која убива.

– Уште колку животи ќе се изгубат за да поднесат оставки? Нивната власт за народот е смрт. Одговорност за националната катастрофа мора да има, и ќе има – смета Мицкоски.

Националната катастрофа денес зема уште поголеми размери. 535 новозаразени од #COVID, 6 починати. Политиките на…

Hristijan Mickoski 发布于 2020年10月15日周四

Поврзани содржини