Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да води кампања позади сметачките машини, туку ќе биде заедно со народот

594

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица порача дека е оптимиста за една голема победа која што ќе се случи на 15 јули, народот заедно со Коалиција „За Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги испрати во историјата овие неуспешни политичари кои што 3 години ја држат во заложништво Македонија.

– Така што еве да не должам, да сумирам им посакува многу среќа и здравје пред се на Струмичани, да се чуваат бидејќи ова се предизвикувачки времиња, а ние сме тие кои што колку може ќе внимаваме во вој предизборен период, но ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот и никако не може да води кампања позади сметачките машини, позади екраните, туку ВМРО-ДПМНЕ ќе биде заедно со народот и во следните 25 дена и во оние 20 дена кои што ќе бидат дел од кампањата, така што очекувајте не, тука сме со народот колку може ќе бидеме заштитени, ќе ги почитуваме оние протоколи за заштита на здравјето на граѓаните – рече Мицкоски.

 

Поврзани содржини