Мицкоски: Власта наместо да трча по провизии и плажи во Дубаи и Мексико, да се бори за здравјето на граѓаните
Граѓаните се чувствуваат небезбедни и немаат верба во институциите. Во ова време невреме кога наши сограѓани буквално молат за вакцини и за адекватни лекови, Николовски и Рашковски заминаа да одмараат во Мексико и Дубаи и да трошат народни пари. Тажно е што сите наши сограѓани мораат да се надеваат дека овие луѓе ќе им помогнат во борбата со корона вирусот, бидејќи очигледно ним не им е важно здравјето на граѓаните, туку своите кариери и материјални придобивки, вели Мицкоски
Република Македонија се соочува со страшни и поразителни бројки на заболени и за жал починати од ковид-19 вирусот. Ваквата слика укажува на фактот дека Република Македонија не се справува добро со оваа здравствена криза, како што тоа го пласираше во јавноста Заев и неговиот миленик Филипче, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното издание на вестите на Сител телевизија.
Toj се осврна на моменталната политичка ситуација во државата, лошите владини политики, како и чекорите кои граѓаните можат да ги очекуваат од ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период.
Мицкоски потенцираше дека е крајно разочаран и револтиран поради неработата и несериозноста на Владата, бидејќи наместо Заев и Филипче да се борат за вакцина повеќе за секој граѓанин, тие патуваа по егзотични места и трошеа народни пари. Тој додаде дека тоа го покажува нивото на сериозност и кадарност на луѓето кои се поставени на високи функции од кои зависат огромен број граѓани.
– Граѓаните се чувствуваат небезбедни и немаат верба во институциите. Во ова време невреме кога наши сограѓани буквално молат за вакцини и за адекватни лекови, Николовски и Рашковски заминаа да одмараат во Мексико и Дубаи и да трошат народни пари. Тажно е што сите наши сограѓани мораат да се надеваат дека овие луѓе ќе им помогнат во борбата со корона вирусот, бидејќи очигледно ним не им е важно здравјето на граѓаните, туку своите кариери и материјални придобивки – вели Мицкоски
Власта наместо да трча по провизии, требаше да се ангажира како да најде вакцини за граѓаните на Република Македонија, вели Мицкоски.
– Но, за жал, без набавени вакцини сведочиме на огромни бројки на заболени и починати граѓани од коронавирусот. Заев и неговите соработници можат упорно да ја затскриваат својата неспособност, набедувајќи ги сите други како виновници, но граѓаните јасно гледаат дека овие луѓе не заслужуваат да ја водат државата и треба да сносат одговорност за сите пропусти – рече Мицкоски.