Мицкоски: Владата да обезбеди 50 отсто од бруто платата на секој вработен!
Мицкоски апелираше за разум, и апелираше до сите граѓани дека оваа состојба заедно ќе биде победeна, без разлика што во државата имаме политички профитери и целата ситуација ќе им се удри од глава.
Претседателот на ВМРО-ДПМЕ, Христијан Мицкоски вечерва за телевизија ТВ21 говореше за прогласувањето на вонредна состојба во државата поради коронавирусот.
– Ние уште од пред седум дена беше таа прес конференција кога побаравме кризна состојба зошто ценевме дека кризна сотојба која што е степен повисок за заштита на населението може да се превенира во понатамошно ширење на оваа пандемија која што не затекна. Тоа беше пред 7 дена откако во текот на вчерашниот ден нашите позиции ги презентиравме на разговорот кај претседателот Пендаровски и понатамошниот развој на настаните поготово неговото гостување на една телевизија каде што кажа практично државата нема сили во моментот да прогласи кризна состоба на целата територија на државата, практично би се довела државата до колапс – појасни Мицкоски. Ова го соопштија вечерва од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Мицкоски додаде има побарано од страна на претседателот прогласување на вонредна состојба, се со цел за да можат оние кои што им е најпотребна помошта од државата да ја добијат навреме и да практично државата колку може да им помогне на оние кои што се најпогодени.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Клик Плус“ предложи два столба на мерки со кои ќе се помогне и на вработените и на стопантвениците.
– Битката на економски план треба да се води во два столба. Првиот столб е да се обезбедат сопствениците на бизнисите односно да се обезбедат самите бизниси. А, потоа да се обезбеди ликвидноста на буџетот – истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде Владата треба да е подготвена половина од трошоците за вработените да ги поднесе.
– Кога зборуваме за половина од трошоците тука пред се мислам, не за трошоците кои се однесуваат на придонесите туку трошоците и за личниот доход. Значи ние зборуваме за бруто трошоци по вработен. Тука државата мора да донесе мерки и да обезбеди средства каде што ќе поднесе најмалку 50-тина проценти – појасни Мицкоски.
Toj образложи дека Владата денес не покажала сериозност и ниту една од презентираните мерки не е од круцијално значење за македонското стопанство кое се соочува со сериозни проблеми.
– Но, за жал, она кое што го видов утрово, а кое што беше презентирано на таа пресконференција посебно во делот ќе ги частиме компаниите, навистина претставува едно непримерно однесување на луѓе кои што во овој момент треба да се однесуваат сериозно, имајќи ја во предвид сериозноста на ситуацијата – рече Мицкоски.
Тој апелираше за разум и апелираше до сите граѓани дека оваа состојба заедно ќе биде победeна, без разлика што во државата имаме политички профитери и целата ситуација ќе им се удри од глава.
– Важно е да ја сочуваме присебноста, да го сочуваме разумот, а до политичарите во Владата пособено до оние во Министерството за финансии и финансиските институции, ги замолувам сериозно да ги разгледаат нашите предлози да бидат партнер со бизнисот, да не дозволиме да го уништиме бизнисот, а потоа да ни требаат месеци повторно да го воспоставиме – истакна Мицкоски.
Тој изрази благодарност и на лицата кои се во првите редови со справување на епидемијата, но и упати апел и до властите да ги разгледаат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ.
– Не ги отфрлајте предлозите затоа што Мицкоски ги дал предлозите или ВМРО-ДПМНЕ, разгледајте ги и ќе најдете квалитетни предлози, бидејќи знаеме како треба да се справуваме и знаеме дека можеме ова да го пребродиме заедно – рече Мицкоски.