МИЦКОСКИ ВЕРУВА ВО 44 ПРАТЕНИЦИ ОД КОАЛИЦИЈАТА Тие се единствениот гарант дека уставните измени нема да поминат
Луѓето кои што шест години ја поддржуваат оваа влада, мислам дека одамна заборавиле што значи чест и образ и многу, многу не очекувам од нив во овој процес. Но, затоа пак, силно се потпирам, силно верувам на зборот на 44 пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и тие се единствениот гарант дека овие уставни измени нема да поминат - вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна, дека верува на зборот даден од 44 пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да прифатат „бугарски диктат“ и дека нема да гласаат за уставните измени.
– Јас верувам и за мене е она важно на оние 44 пратеника кои што доаѓаат од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и знам дека тие сигурно нема да гласаат под овие околности и нема да прифатат бугарски диктат. А ние, како идна влада, сме подготвени да седнеме и да разговараме да видиме како можеме заеднички да ги промениме тие околности кои што денеска се на маса. Така што, да сумирам, луѓето кои што шест години ја поддржуваат оваа влада, мислам дека одамна заборавиле што значи чест и образ и многу, многу не очекувам од нив во овој процес. Но, затоа пак, силно се потпирам, силно верувам на зборот на 44 пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и тие се единствениот гарант дека овие уставни измени, вака како што ги замислила владата на ДУИ, поддржана од помалиот партнер СДСМ, нема да поминат – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски додаде дека од ВМРО-ДПМНЕ, како идна влада, подготвени се да седнат и да разговараат за промена на околностите кои што денес се ставени на маса.
На прашањето како ја коментира изјавата на пратеникот од турската партија од власта, Инес Ибрахим, кој пред некој ден изјави дека нема да гласа за уставните измени, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека таму се „нејасни ставовите“.
– Јас многу не се потпирам на тие луѓе, бидејќи за да поддржуваш една ваква влада многу зборот и образот не ти значи во животот. Не би ги коментирал оние пратеници кои што ја поддржуваат владата на ДУИ поддржана од СДСМ, бидејќи таму нејасни се ставовите. Денеска едно зборуваат, утре друго прават. Да таква е позицијата на тој пратеник кој што вие го споменавте, го прочитав тоа и јас од социјалните медиуми – рече Мицкоски.