МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЕВРОПА ПРАВИ СТРАТЕГИЈА КАКО ДА СЕ СКРШИ ВМРО-ДПМНЕ На следните избори ќе оствариме историски резултат

Нема да не скршат за да се изгласаат предавнички уставни измени, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево.

1,396

Дали тоа ќе го направиме? Да! Ќе се избориме сите заедно, затоа што ја чувствувам поддршката на народот каде и да одам низ Македонија. Во таа борба има многу предизвици, и од внатре и од надвор. Многумина ќе дојдат до вас, ќе ви ја стегнат раката и ќе ве погледаат во очи и ќе ви кажат се што сакате да слушнете. Но, внимавајте истите тие кои што ќе ви кажат се што сакате да слушнете, позади завесата се договараат со нивните стопани. Кои се нивните стопани? Сите тие кои што не сакаат овој народ да успее и оваа држава да успее, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Кичево.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ кога и да се случат изборите повторно ќе оствари историски резултат како тој што беше на локалните избори.






– Македонија со ум се брани. Секој кој што мисли дека со сила може да ја одбрани Македонија, се лаже. Ние треба да бидеме најмалку двојно поумни од сите останати, со добра и јасна стратегија. Сите тие кои што заведуваа со силни говори и јака реторика дека овој град бил наш, Македонија до таму, таму ќе го правиме следниот конгрес, завршија како уценети мали просечни бизнисмени – појасни Мицкоски.

Лидерот на најголемата опозициска партија додаде дека треба утре чесно да се води Македонија и порача дека нема време за бизнисмени во политика.

– Нема веќе тоа да го има. Секој оној којшто мисли дека во политиката ќе биде бизнисмен се лаже. Со ВМРО-ДПМНЕ на власт нема тоа да го има. Денеска додека ова го зборувам, ние сме соочени пред историски епохален предизвик. Денеска Европа, светот прави стратегија како да го скрши ВМРО-ДПМНЕ и овие 44 да изгласаат предавнички уставни измени во Парламентот скроени по бугарски диктат – рече Мицкоски и ги повика граѓаните за да се обединат околу ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини