📽️ МИЦКОСКИ УШТЕ ПРЕД 7 МЕСЕЦИ ГО ПОГОДИ РЕЗУЛТАТОТ Прогнозираше 100-150.000 гласови разлика
Целосно е нереално да се каже дека разликата помеѓу Силјановска Давкова ќе биде 100.000 гласови. Очекувам тесна трка во која на крајот Пендаровски ќе победи - рече Маричиќ. пред еден месец за ТВ 21.
На гостување во ТВ21, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 28 септември во 2023 година, кажа дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе води со 100-150.000 разлика пред останатите.
Тогаш Мицкоски во „Клик Плус“ му кажа на водителот на ТВ21, Љубиша Цветкоски:
– Еве, запишете, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ ќе води со 100 до 150.000 разлика во првиот круг“, кажа тогаш Мицкоски.
Прогнозите се покажаа како точни, односно разликата изнесува повеќе од 180.000 гласови, а СДСМ освои најмалку гласови од сите претседателски избори досега.
Во овие зборови на Мицкоски, не веруваше Бојан Маричиќ од СДСМ. Прогнозата тој ја нарече нереална, а вчера се соочи со вистината.
– Целосно е нереално да се каже дека разликата помеѓу Силјановска Давкова ќе биде 100.000 гласови. Очекувам тесна трка во која на крајот Пендаровски ќе победи – рече Маричиќ. пред еден месец за ТВ 21.