Mицкоски: Тврдењето на Заев дека народот во Струмица и Петрич зборат ист јазик е глупост

Мицкоски додаде дека не знае дали тоа Заев го прави од незнаење, дали тоа го прави од немоќ, дали тоа го прави за да остави посилен циркузански впечаток кај нашиот источен сосед па да речат видете го овој и да си поигруваат со него.

965

Кај мене предизвика едно чувство на вознемиреност до гадење, кога слушнав дека Заев тврди дека  Македонците од Струмица збореле на ист јазик како и граѓаните на нашиот источен сосед во Петрич, изјави  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во гостување на ТВ 21.

– Јас не мислам дека е така, и мислам дека Македонците во Струмица зборуваат на македонски јазик. Македонскиот јазик кој што се говори во Струмица не може никако да биде дијалект на бугарскиот јазик кој што се говори во Петрич. И тоа е една голема би рекол глупост од негова страна што беше кажана за тој бугарски медиум – рече Мицкоски.






Мицкоски додаде дека не знае дали тоа Заев го прави од незнаење, дали тоа го прави од немоќ, дали тоа го прави за да остави посилен циркузански впечаток кај нашиот источен сосед па да речат видете го овој и да си поигруваат со него.

Според Мицкоски се додека Бугарите не разберат дека сме два различни народи, се додека тоа не го расчистиме не можеме да говориме за добрососедство.

– Мора да направиме разлика меѓу македонскиот и бугарскиот народ. До сега сум критикувал, но по ова треба да се делува згрозена е македонската јавност – рече Мицкоски.

Поврзани содржини