Не се согласувам со кронизмот, профитерски да се ќарува преку зголемување на акцизата на горивата, потребно е фискално релаксирање, помош и за март, и да не се враќа државната помош, порача во видео обраќање на Христијан Мицкоси, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
– Имајќи го во предвид негативното влијание предизвикано од пандемијата на Ковид 19 вирусот, и негативното влијание во Европа и во светот, во македонската економија секако ќе предизвика негативни последици. Она коешто ММФ ни го кажа во текот на вчерашниот ден е нивната апроксимација дека падот ќе биде изразен отприлика околу 4% . Така што сега она првично сценарио што на почетокот одгодината Министерството за финансии го изработи за раст од 3,6% е невозможен, туку апроксимацијата на ММФ е некаде околу 4%. Врз основа на таа апроксимација и негативното влијание на дефлаторот си дозволив да изработам отприлика вредност од 11 милијарди евра на бруто домашниот македонски производ на крајот од 2020 година.
Во овој момент јавниот долг на 31.12.2019 година изнесувал 5 милијарди и 541 милиони евра и тоа е податок којшто Министерството за финасии го објавува на својата веб страница, односно тој изнесува околу 48,9% – 49% од БДП на македонската економија.
Понатаму на 1 април оваа година, ресорниот министер, министерката за финасии имаше прес конференција во којашто ја запозна македонската јавност дека подготвуваат одговор на три можни сценарија. Имено Сценариото број 1 опфаќа намалување на приходите за 20%, што би значело дополнителни 700 милиони евра дефицит, на оние веќе планирани 300 милиони евра или тоа би значело зголемување на јавниот долг во однос на БДП на ниво од 59,5% или оптрилика нешто повеќе од 10% во однос на состојбата во којашто сега се наоѓа, на крајот од 2020 година.
Сценариото број два, предвидува пад на приходите во буџетот од цели 30 проценти или дефицит од прилика од една милијарда евра. Кога на тие веќе една милијарда евра ќе се додадат 300 милиони евра тогаш доаѓаме до зголемување на јавниот долг во однос на бруто домашниот производ од 61 процент или дополнителни отприлика 12 проценти во однос на тоа која што била состојбата на 31 декември 2019-тата година.
И третото сценарио, тоа е сценариото каде што е предвидено пад на приходите во буџетот од 30 проценти, или зголемување на буџетскиот дефицит од една милијарда и 300-тини милиони евра и на тоа кога веќе ќе се додадат планираните 300 милиони евра, доаѓаме до зголемување на јавниот долг во однос на бруто домашниот производ на ниво од 63,7 проценти.
И сето ова кое што е предвидено во сценаријата предвидува надворешно финансирање на буџетскиот дефицит, без да опфатиме надворешно финансирањекое што е неопходно, да и се помогне на економијата и да се помогне на стопанството, да компаниите останат живи, а да вработените останат вработени во тие компании. Нека ја релаксираат фискалната политика бидејќи сето ова кое што го прават сега навистина влијае негативно и не е доволно за македонската економија и за реалниот сектор за да може да ги истрпи на нозе сите овие негативни ефекти кои што се резултат на оваа пандемија- вели Мицкоски.