МИЦКОСКИ ТРЕБА ДА БИДЕ НОВ ПРЕМИЕР Муцунски повика на масовно обединување на опозицијата
Постулатите на ВМРО-ДПМНЕ за следните 4 годони се посветеност во борбата против корупцијата, сѐ до интеграција во ЕУ, а принцип на владеење ќе биде решавање на проблеми на граѓаните, а не тесно политичките интереси. Само така може да се стабилизира Македонија, рече Муцунски.
Логично е што единствен кандидат за претседател на партијата е Христијан Мицкоски, смета Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром, кој во вестите на телевизија 24, рече дека тоа се должи на одличниот резултат на лидерот на последните локални избори.
– Одличниот резултат на локалните избори почна од Мицкоски и тој треба да биде и нов премиер на Македонија – рече Муцунски укажувајќи дека Мицкоски недвосмислено ја заслужува довербата.
Муцунски посочи дека во иднина во партијата ќе има кадри кои имаат искуство во својата професија, дека ќе има спој на различни возрасти и слично.
– Важно е да ги имаме најквалитетните кадри. Ние сме подготвени да даваме активен придонес, и тоа сите. Позицијата која ќе ја имаме како поединци и не е толку важна. Ние повикуваме на масовно обединување во опозициски блок кој ќе ја преземе власта бидејќи истиот има јасна политичка визија – порача Муцунски.
Според него, актуелното владејачко мнозинство е сѐ, само не силно.
– Ова мнозинство кое го има власта е мнозинство кое се базира на тесни интереси или интереси на партијата и поединци. ВМРО-ДПМНЕ не функционира така. Постулатите на ВМРО-ДПМНЕ за следните 4 годони се посветеност во борбата против корупцијата, сѐ до интеграција во ЕУ, а принцип на владеење ќе биде решавање на проблеми на граѓаните, а не тесно политичките интереси. Само така може да се стабилизира Македонија – додаде Муцунски.