Мицкоски: Тоа што го бара Бугарија не е човечки, а демократите од Брисел молчат
Тој вели дека оваа влада нема стратегија како да ја развива државата, а секоја идеја на опозицијата се одбива, а за да може опозицијата да биде конструктивна треба и владата да биде таква.
Денес во предновогодишното издание на дебатната емисија на „ТВ Клан“ свое интервју даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за лошите владини политики, ветото од Република Бугарија, како и за перспективите на Република Македонија.
Мицкоски вели дека барањата на Република Македонија се тотално неосновани и нереални поради тоа што тие всушност бараат Македонците да признаат дека не постоеле до 1945 година, а од наредната година почнале да постојат. Тоа е нешто што не е ниту логично, ниту пак реално во денешната политика во којашто јасно е прецизирано се што е поврзано со македонската нација, вели Мицкоски.
– Како ние да им објасниме на оние кои заминале во белиот свет на почетокот на дваесетиот век, а се Македонци, дека всушност тие не биле Македонци, туку дури после 1945 постои македонската нација? Ние сме разговарале со многубројни иселеници кои своите животни патишта ги креирале подалеку од овој континент, и тие луѓе насекаде велат дека се горди Македонци и ништо друго. Тоа е доволен показател за тоа дали Македонците постојат оттогаш од кога велат бугарските политичари или пак од многу одамна- додаде Мицкоски.
Ваквите барања од страна на Република Бугарија ниту се човечки, ниту етички, туку тотално надвор од здравиот разум и на ваквите барања не смее да молчи бирократијата во Брисел. Брисел е тој што е неопходно да реагира на ваквите притискања на македонската нација и притисокот кој одредени политичари го прават врз Македонците, истакна Мицкоски.
– Во тој кош не е само Македонија, туку и Албанија. За нив пак, Бугарија вели дека треба да го признае бугарското малцинство, за кое што нелогично е да се дискутира, бидејќи таквото барање е неосновано. Албанија и Бугарија немаат заедничка тема по тоа прашање, бидејќи никако не граничат. Тоа е доволен показател за кошкањето од Република Бугарија која што сега веќе јасно се гледа дека го прави поради наоѓање проблем и онаму каде што го нема – заврши Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека оваа година која што е повторно изборна за државата, ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди план и решенија за излез од кризата.
Тој вели дека оваа влада нема стратегија како да ја развива државата, а секоја идеја на опозицијата се одбива, а за да може опозицијата да биде конструктивна треба и владата да биде таква.
– Не гледам креативност, не гледам стратегија не гледам визија како понатаму. Се занимаваат со сито политиканство, купи ден – продај политики, но без некаква визија, како оваа држава треба да се справи со оваа криза која што ја живееме, а потоа како да продолжи да се развива понатаму. За да опозицијата сега биде конструктивна , треба да имате од другата страна конструктивна власт. Доколку власта не е конструктивна вие не може како опозиција да сте конструктивни и да нудите решенија кои премногу надмено се отфрлаат и воопшто не се ни земаат во предвид за разгледување – потенцираше Мицкоски.
Како пример за неконструктивноста на СДСМ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ја даде техничката влада каде секоја одлука на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев беше одбивана од владата.
– Сето она што дојде како идеја од страна на опозицијата и како предлог, беше одбиено од страна на владата, за да некои од предлозите после ден или два месеци бидат прифатени и бидат преставени дека се предлози и припаѓаат на владата. И таа бледа копија е добра отколку никаква Улогата на опозицијата е да критикува, а опозицијата ќе понуди програма и решенија пред избори. Сега имаме локални избори, јас се надевам дека тогаш може да се случи пресврт и да имаме и парламентарни избори и врз основа на нашите анализи, ние ќе понудиме програма и како локално да ја развиеме Македонија и како да ја развиваме државата – нагласи Мицкоски.