Мицкоски: Талат може да се дере, ама никој не му се плаши
Талат е одговорен да спроведе хармонија во Собранието, и Собарнието да биде функционално. Ако не знае нека си даде оставка и нека замине, има кој знае.
Пратениците не само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на целата опозиција беа во салата и чекаа на дневен ред да биде 36 седница и да гласаат за сетот законони од петтиот пакет мерки. Талат Џафери треба да најде начин со сите пратенички групи да воспостави хармонија за да се реашватаат работите, а не вака, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју на Канал 5.
Според него претседателот на Собранието, може дома да се однесува така своеволно, ама како претседател на Собрание треба да им служи на граѓаните.
– Работава не е игра, луѓето немаат плата земено, затоа требаше Џафери да го постави на дневен ред потребното, а не да игра политикантство. Закони кои сакаат да ги поминат на насилен начин, закони во кои не се прифаќа ниту еден амандман. Договореното на координациите не коресподнира со тоа што се случува потоа – рече Мицкоски.
Тој укажа дека ако ВМРО-ДПМНЕ не сакало да поминат законите, тогаш претседателот на комисијата Тимчо Муцунски немало законите да ги помине на комисија.
– Талат е одговорен да спроведе хармонија во Собранието, и Собарнието да биде функционално. Ако не знае нека си даде оставка и нека замине, има кој знае – нагласи Мицкоски.
Тој додаде дека однесувањето на Талат Џафери не му прилега како претседател на Собрание.
– На лидерската се договоривме дека сите закони кои што се однесуваат на реформскиот процес, се однесуваат на поддршка на стопанството, граѓаните, борба против пандемијата, сите закони, претходно ќе бидат на маса на преговарачки тимови помеѓу опозицијата и власта. Не само ВМРО-ДПМНЕ како опозиција, и коалиција на Алтернатива и Алијанса, и Левица итн. Кога тие ќе имаат убедлива победа на избори и ќе имаат 80-90 пратеника поддршка, тогаш можат вака да се однесуваат. Со 60 – 62 ќе седат и ќе разговараат со опозицијата и тоа е улогата и на Талат Џафери, ако не ја знае. Таа му е улогата. Да, тешко е, но за тоа имаш привилегија да те возат од одма секое утро и да те собираат од одма и да те развозуваат со ротациони возила – истакна Мицкоски.
Мицкоски посочи дека Џафери неместо да вика по пратениците во Парламентот и да покажува фрустрации, треба да најде решение.
– Никој не му се плаши. Ако мисли дека некој му се плаши, никој не му се плаши. Со дерење таму никој не му се плаши и треба да знае – рече Мицкоски.