Мицкоски: Стратегијата на Бугарија е јасна како ден, нема да попуштат сè до април

Не комуницирам со Борисов, последен пат се слушнавме во мај и тогаш си префрливме еден на друг за тоа како го гледаме решението за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ - рече Мицкоски.

1,009

До месец април, до кога се изборите во Бугарија, официјална Софија ќе тренира жестокост врз Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.

– Стратегијата на Бугарија е јасна како ден. Верувам дека премиерот Зоран Заев може да потпише некаков нов договор. Јас лично би ги напуштил моменталните преговори со Бугарија и не би го почитувал самиот Договор за добрососедство. Не комуницирам со Борисов, последен пат се слушнавме во мај и тогаш си префрливме еден на друг за тоа како го гледаме решението за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ – рече Мицкоски.

Поврзани содржини