Мицкоски: Србија гради ист Клинички центар за 125 милиони евра, а тој на Заев и Филипче чини пола милијарда евра

Овој Клинички центар кој што е идентичен на нашиот со 1.000 болнички кревети и други работи чини верувале или не 125 милиони евра. Или четири пати помалку од оној клинички центар што го планира хибридниот режим на СДСМ, вели Мицкоски.

1,789
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешниот Дневник на Сител телевизија истакна дека хибридниот режим на СДСМ и Заев ќе гради Клинички центар кој е четири пати поскап од оној кој во моментов се гради во Србија.

– ВМРО-ДПМНЕ реагираше така како што реагираше околу изградбата на тој фамозен Клинички центар, коj што гледам сега во овие осум милијарди евра повторно се најавува и тоа со сума од минимум 500 милиони евра. Овој документ што го држам во рака е за новиот Клинички центар кој што практично во септември треба да се изгради во Србија, а веќе се гради. Овој Клинички центар кој што е идентичен на нашиот со 1.000 болнички кревети и други работи чини верувале или не 125 милиони евра. Или четири пати помалку од оној клинички центар што планира хибридниот режим на СДСМ и Зоран Заев да го изградат. Епа, ако ова не е пљачка и криминал во најава, тогаш не знам за што ние зборуваме- рече Мицкоски.
 






Концептот за изградба на Клиничкиот центар, рече Мицкоски, на ВМРО-ДПМНЕ е токму како тој што се гради во Србија.

– Ако во 2016-тата и 2017-тата година не се поништи тој тендер, денес граѓаните ќе имаа Клинички центар и реновирани клинички болници во рамките на „Мајка Тереза”. Но, за жал трчајќи по провизии здравјето на граѓаните повторно се става на коцка, и за жал граѓаните кај нашиот северен сосед ќе имаат центар кој ние требаше да го имаме, а го немаме. Туку имаме во најава пљачка од повеќе од милијарда евра – изјави Мицкоски.
Поврзани содржини