📽 МИЦКОСКИ СО ВИДЕО-ЧЕСТИТКА ОД ВРВОТ НА ЈАБЛАНИЦА „Среќна независност и вековита да си Македонијо!“
„Црн Камен, врв на Јабланица, повеќе од 2.250 метри надморска височина, лоши временски прилики“ – вели во најавата на својата честитка Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук објави видео-снимка, направена денеска на врвот „Црн Камен“ на планината Јабланица, во која уште еднаш го честиташе денот на независноста на Македонија, 8. Септември.
„Црн Камен, врв на Јабланица, повеќе од 2.250 метри надморска височина, лоши временски прилики, 8. Септември, Ден на независноста. Среќна независност и вековита да си Македонијо“, вели во кратката видео објава Христијан Мицкоски.