Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изрази сочуство до канцеларот на Австрија Себастијан Курц за терористичкиот напад во Виена.
– Примете го моето сочувство и најдлабоко жалење за настаните кои се случија во Виена. Овој напад е терористички напад на цела Европа, и на вредностите кои ние ги негуваме. Македонците сочувствуваат со Австријците во овие тешки моменти. Нашите молитви се со Вас и Вашата држава, напиша Мицкоски.