Лидерот на ВМРО-ДМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи ѝ порача на власта дека ѝ бега одговорност за тоа што не успеала четири месеци да нарача вакцини против коронавирусот.
„Вчера кажавме дека ја лажат македонската јавност, дека авансот за кинеските вакцини е вратен. Денеска официјално потврдија. Нема да избегате од одговорноста за тоа што не успеавте четири месеци да нарачате вакцини. Вие сте срам за Македонија. Неспособни и крајно корумпирани. Поради вас умираат луѓе, поради вашата неспособност имаме сериозен трет бран на новозаболени. И пак не ви е гајле, бизнисот со корупција мора да тера, а народот секако ќе пати. Ви се гледа крајот, нема да ве оставиме на мир“, напиша Мицкоски.