Заев со покачување на даноците директно удира по џебот на народот. Во време на корона ќе страдаат најсиромашните, но и сите други. Се задолжија милијарди, а сега народот треба да ја плаќа нивната неспособност и криминали, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.
„Ова е план на Заев и Бесими да му ја одерат кожата на народот. Одете си, секој ден поминат во тие фотелји е на штета на државата и народот„, смета Мицкоски.