МИЦКОСКИ СО ПЕТПАТИ ПОГОЛЕМ РЕЈТИНГ ОД ФИЛИПЧЕ Граѓаните имаат доверба во ВМРО-ДПМНЕ, рејтингот на СДСМ и ДУИ изедначен

Телефонската анкета спроведена на 1.114 испитаници во рок од три дена покажува дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ има 2,5 пати поголем рејтинг од СДСМ, која пак има речиси изедначен рејтинг со ДУИ. Граѓаните имаат 8,2% доверба во коалицијата ВРЕДИ, додека Левица предничи со 5,8% доверба наспроти ЗНАМ со 3,9%.

2,059

Премиерот Христијан Мицкоски има петпати поголема доверба кај граѓаните отколку лидерот на опозицијата Венко Филипче, сугерира анкета на Институтот за политички истражувања ИПИС. Притоа, рејтингот на Филипче од 5% е речиси идентичен со оној на лидерот на Левица, додека лидерот на ДУИ Али Ахмети има 9%.

Телефонската анкета спроведена на 1.114 испитаници во рок од три дена покажува дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ има 2,5 пати поголем рејтинг од СДСМ, која пак има речиси изедначен рејтинг со  ДУИ. Граѓаните имаат 8,2% доверба во коалицијата ВРЕДИ, додека Левица предничи со 5,8% доверба наспроти ЗНАМ со 3,9%.






Повеќе од четвртина од граѓаните се задоволни од работата на актуелната Влада, додека исто толку рекле дека се деонекаде задоволни. Речиси исто толку се изјасниле дека не се задоволни, додека 17,9%, повеќе од шестина, рекле дека донекаде имаат негативно мислење за спроведените политики.

Според бројките на ИПИС, дури 7 од 10 граѓани даваат целосна поддршка на проектот „Безбеден град“ на Министерството за внатрешни работи.

 

 

Поврзани содржини