МИЦКОСКИ СО ОЧЕКУВАЊЕ ОД МАРИЧИЌ Министерот да го советува Петков да не се меша во македонските внатрешни работи

Сигурно ќе го советува, очекувам Маричиќ да го советува Петков и тој да не се меша во македонските внатрешни работи да бара уставни измени коишто би ги опфатиле малубројните македонски Бугари, рече Мицкоски.

578

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во ТВ 24, во врска со доаѓањето на претседателот на Бугарија Кирил Петков и изјавите на новиот вицепремиер Бојан Маричиќ, истакна дека очекува Маричиќ да го советува Петков по истиот принцип да не се меша во внатрешните права на малцинствата во Македонија.

– Сигурно ќе го советува, очекувам Маричиќ да го советува Петков и тој да не се меша во македонските внатрешни работи да бара уставни измени коишто би ги опфатиле малубројните македонски Бугари – рече Мицкоски.






Мицкоски посочи дека од официјална Софија е пристигнат предлог за формирање на пет комисии коишто ќе разговараат за различни теми кои се во суштина пресликување и разложување на Резолуцијата која што е донесена во бугарскиот парламент само во пет дела.

– Суштината е дека Резолуцијата на Бугарскиот парламент од ноември 2019 година е разложена во овие пет комисии, од кои суштинска е петтата комисија за историски прашања и претпоставувам дека текот на разговорите, со првата ќе бидеме блиску до решение, за втората веќе ќе се договориме не гледам пречка да не е така кога станува збор за научна соработка, за инфраструктурата ќе се договориме никој не е против , за четвртата ќе бидеме блиску, а за петтата ќе бидеме на почеток, но целиот тој пакет да биде дел од преговарачката рамка, и тогаш ќе заврши целокупниот процес на преговарање за историските факти бидејќи ако сето тоа влезе во преговарачката рамка тоа веќе не е билатерален проблем тогаш веќе ќе стане наш проблем со Европската унија – објасни Мицкоски.

Мицкоски повторно ја потенцираше изјавата на Петков дека не го спори определувањето на македонскиот народ, а од друга страна да не знае дека постои македонско малцинство во Бугарија кое што има 14 пресуди Европскиот суд за човекови права.

– Добро би било еве оваа влада ,,проевропска и прогресивна” влада која ја предводи Петков да имплементира барем една од тие пресуди на Европскиот суд за човекови права и да им дозволи на луѓето од ОМО ,,Илинден – Пирин” барем да се регистрираат како политичка партија и тогаш јас ќе верувам дека навистина тие не го спорат нашиот идентитет, никој не го спори постоењето на македонскиот јазик итн. – рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека ова е позната реторика и ги охрабри новинарите утре да му постават неколку прашања на Петков, меѓу кои и дали Гоце Делчев бил Македонец и дел од македонскиот народ кој е различен од бугарскиот, кој бил тој што го предводел Илинденското востание и зошто мора секогаш да се инсистира кога станува збор на македонскиот јазик, да стои со фуснота согласно Уставот, односно индиректно се имплицира дека тој постои практично со постоењето на Уставот на Македонија, од 1991 година.

Мицкоски, исто така рече дека доколку новинарите не го прашаат за овие прашања, ќе го праша тој на средбата која ќе ја имаат утре и ќе ги каже позициите на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини