Мицкоски со нов предлог до власта: Пописот да биде електронски, ќе ги прифатиме резултатите откако ќе стиснеме „ентер“

Тоа што ќе го пресмета компјутерот кога ќе стиснеме „ентер“, тоа ќе биде конечен резултат - рече Мицкоски.

1,159

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5, повторно побара од власта да се одложи пописот за 6 до 12 месеци.

Тој рече дека ќе ги прифати само резултатите од електроснкиот попис кој би се спровел.






– Електронски попис може да се спроведе врз основа на пример од некоја друга земја која веќе го направила тоа. Треба да ги вкрстиме базите кои се дефинирани врз основа на методологијата и така да ги прифатиме резултатите од пописот. Тоа што ќе го пресмета компјутерот кога ќе стиснеме „ентер“, тоа ќе биде конечен резултат – рече Мицкоски.

Тој отфрли дека ќе има бојкот, но повторно побара од власта да го одложи пописот за шест до 12 месеци, кога, како што рече, нема да има ниту избори, ниту ваква кризна ситуација.

Поврзани содржини