МИЦКОСКИ СО ИСТОРИСКА ПОСЕТА ВО САД Лефков тврди дека Македонија добива моќна меѓународна поддршка

Имаме лидер кој навистина гради историја и е во чекор со она што се случува во светот. Тоа што се најавува, се реализира според планот, со цел Македонија да не влезе во ќорсокак, како што беше во минатото, посочи пратеникот Лефков.

587

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, гостувајќи во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24, истакна дека посетата на премиерот Христијан Мицкоски на САД претставува „историски момент“ за Македонија и придонесува за зајакнување на меѓународните релации со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

– Посетата носи меѓународна поддршка и значи живеење на историски моменти, бидејќи премиерот на Македонија беше единствениот лидер од Балканот кој присуствуваше на инаугурацијата на Трамп. Светот се менува брзо, а Македонија има среќа што гради одлични релации со неговата администрација и со највисоките ешалони. Единствени добитници од оваа дипломатска офанзива се граѓаните – изјави Лефков.






Тој додаде дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ активно работи на обезбедување меѓународна поддршка и дека посетата на Мицкоски е дел од стратегијата за позиционирање на Македонија како сигурен партнер на глобалната сцена.

– Имаме лидер кој навистина гради историја и е во чекор со она што се случува во светот. Тоа што се најавува, се реализира според планот, со цел Македонија да не влезе во ќорсокак, како што беше во минатото – посочи Лефков.

Осврнувајќи се на актуелната дебата за евентуалната промена на грбот и химната, Лефков беше дециден дека вакви промени нема да се случат.

– Нема разговор за менување на химната, нема да има, ниту некогаш ќе дозволиме таква дебата. Разговорите за промена на грбот се стари и потекнуваат од пред една деценија, но не се за да се оттргне вниманието од актуелните теми – изјави Лефков.

Тој ја обвини опозициската СДСМ дека нема кредибилитет да зборува за прашања поврзани со Уставот, потсетувајќи дека токму нивната власт дозволила, како што рече, „отворање на Уставот и прекршување на Деловникот во Собранието“.

– Власта на СДСМ и ДУИ дозволи Уставот да биде отворен, а Талат Џафери да не го почитува и сам да одредува кога ќе се гласа за одредени уставни измени. Тие што тоа го дозволија, денес немаат никаков кредибилитет да зборуваат за отворање на Уставот – заклучи Лефков.

Поврзани содржини