🎥 МИЦКОСКИ СО ДЕЛЕГАЦИЈАТА ПРИСТИГНА ВО ДАВОС На Светскиот економски форум ќе ги презентира можностите за инвестирање во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, пристигна во Давос, Швајцарија, каде ќе учествува на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF).

406

Овогодишниот форум, кој се одржува под мотото „Во духот на дијалог“, обединува над 65 шефови на држави и влади, со цел изнаоѓање решенија за најгорливите глобални предизвици.

Мицкоски објави видео од Давос во кое најави дека ќе оствари серија билатерални средби со претставници на водечки светски корпорации и финансиски институции, презентирајќи ги поволностите за инвестирање во македонската економија, со посебен фокус на енергетиката и технологијата.






За време на самитот, премиерот Мицкоски е предвидено да учествува на затворени сесии за лидери, како и на јавни дебати фокусирани на вештачката интелигенција, енергетиката и новите патишта за економски раст во Европа.

Владината делегација во Давос ќе оствари средби и со високи државни претставници и претставници на меѓународните организации, со цел забрзување на реформските процеси и обезбедување поддршка за клучните национални проекти.

На панел дискусиите поврзани со одржливиот развој, во кои ќе учествува македонската делегација, како што информираат од владината прес-служба, ќе ги презентира стратешките планови за енергетска трансформација и инфраструктурно поврзување на регионот.

 

Поврзани содржини