МИЦКОСКИ СО ЦИТАТ НА ЛИНКОЛН ЈА ПОЗДРАВИ ТОЛПАТА НАРОД НА МИТИНГОТ ВО СКОПЈЕ Најдобар начин да ја предвидиш иднината е да ја создадеш!

Болката на другите е и моја болка. Болката на луѓето кои загубија блиски во тетовската болница е и моја болка. Болката на земјоделците кои со насолзени очи и бес во себе велат дека не можат да си го продадат родот е и моја болка. Болката за ниските плати и разочарувањата кај луѓето кои ќе отидат во продавница со празен паричник е и мое разочарување. Ако има пензионер кој не може да си ги плати лековите поради малата пензија и треба да одбере дали да купи подарок на внучето или лекови за себе, тоа е моја болка и мој проблем, без разлика што тоа не се мои дедо и баба. Вашата битка е и моја битка, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во Скопје.

1,048

Абрахам Линколн велеше „Најдобар начин да ја предвидиш иднината е да ја создадеш“. И тука сме не само да зборуваме за иднината, туку заеднички да ја создаваме, да ја градиме и заеднички да се бориме. Скопје е на нозе. Во Македонија повторно е родена надежта, таа искра во која народот гледа шанса за промени и остварување на сонот каков што го имаме цели 30 години, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот централен митинг во Скопје.

– 30 години сонуваме за нешто што цели 30 години го немаме. Тие што пукаат во таквата надеж се истите оние кои поради ситни интереси нè влечат надолу. Но повторно, особено по првиот круг од изборите, со голема сигурност можам да кажам дека надежта е во очите на луѓето сè повеќе и е сè поголема, и повторно се враќа она чувство на треперливост во срцата дека можеме, дека умееме да направиме големи работи и дека Македонија, ова наше парче земја на горди луѓе, има сила! Што е поразлично од претходно? Ќе ви кажам, тоа е мирисот на слободата, затоа што Македонија е нашата емоција, нашата душа, нашиот сон. И нашиот дом. Поразлично е затоа што народот крева глава, се крева над прашината која ја создава власта и јасно ги гледа работите. И многумина ме прашуваат дали ме вознемируваат оние црни кампањи против мене и моето семејство, оние обвинувања, крици на лаги и страшни измами. Мојот одговор е до нив и до сите нивни привезоци, многу сум спокоен затоа што знам дека е ова последица на очај, последните чекори на апаратот којшто губи и сака да повлече сè со себе. Тие на тој начин го губат и своето достоинство. Си го покажувате вистинското лице поради што ќе доживеете пораз… и сега, кога измислувате и објавувате набрзина нашкрабани  фалсификувани документи, кои треба да ги обезвреднат моите соработници. И кога го разгорувате огнот на меѓуетнички тензии, и кога ја делите Македонија само за да си ги спасите кариерите – рече Мицкоски.






Од кога знам за себе и како ме учеле моите родители, додаде тој, ние како семејство сме споделувале искрена љубов кон нашата татковина, и секогаш, ама секогаш, сме биле одлучни да работиме и да создаваме за доброто на другите луѓе, да помагаме, да придонесуваме за Македонија и за општеството.

– Мојата мајка беше лекар, илјадници пациенти поминале кај неа и таа секогаш со љубов, посветеност и грижа им помагаше. Мојот татко – конструктор во Металскиот Завод Тито, а потоа факултетски професор, беше строг и праведен, секогаш ме учеше да се соочувам со предизвиците стоечки и мудро, и да гледам напред, да мислам на повисоки цели, како можам да подобрам нешто од моето опкружување, како да придонесам да биде подобро за сите. Јас сум човек кој многу учел, дури некогаш и кога другарите го користеа своето слободно време, бев затрупан со книги. Нормално, имало и излегувања и шетања и забави, но јас секогаш сум гледал чекор подалеку. Таков сум по природа. Моите дедо и баба беа пак сосема посебно во мојот живот. Нивниот однос беше пример и гордост за мене. Среќен сум што имав од кого да учам. Стојам овде знаејќи дека мојата животна приказна во својата суштина е дел од животните приказни на многумина, кои сме растеле во нашето време, приказна за воспитување, макотрпна работа, жртвување за други, некогаш и некои што не ги познаваш, борба за повисока цел, желба да биде добро, да живееме во нормална држава каде ќе има правила и ред, каде ќе се почитуваме дури и ако различно размислуваме, каде ќе знаеме дека сме свои на своето, дека нашите деца имаат иднина тука, тоа се вредностите во кои верувам. Нема да кажам дека се зло луѓето што не се согласуваат со моите ставови, како што тоа го кажува премиерот Заев. Јас ги почитувам тие луѓе и гледам во нивните забелешки ако грешам и верувам во тоа дека е така, да се исправам. Но, јас ги почитувам. Од мене нема да видите реваншизам да губите работно место зашто мислите различно. Не. Тоа нема нити да го видите нити да го доживеете – истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека народот од него ќе види подадена рака за соработка.

– И не само што е жалосно да сме поделени и раскарани по разни основи, туку е и катастрофално штетно за иднината на Македонија. Иднина која мора заедно да ја создадеме. Ви должам вам, на народот на Македонија, и јас таа ваша доверба никогаш нема да ја изневерам. Зашто покрај таа борба на индивидуализмот, постои едно нешто кое е многу важно за нас како држава. Ние сме меѓу себе сите поврзани, затоа што вашата судбина е и моја судбина. Судбината на мојот сосед чие дете има проблеми и не може да се лечи заради проблеми во системот, е и моја судбина. Судбината на учителот во Битола кој има ниски примања и не може да си го издржува семејството, и тоа е моја судбина иако јас не го познавам него. Нашите судбини се испреплетени. Тоа мора да го разбереме сите. Болката на другите е и моја болка. Болката на луѓето кои загубија блиски во тетовската болница е и моја болка. Болката на земјоделците кои со насолзени очи и бес во себе велат дека не можат да си го продадат родот е и моја болка. Болката за ниските плати и разочарувањата кај луѓето кои ќе отидат во продавница со празен паричник е и мое разочарување. Ако има пензионер кој не може да си ги плати лековите поради малата пензија и треба да одбере дали да купи подарок на внучето или лекови за себе, тоа е моја болка и мој проблем, без разлика што тоа не се мои дедо и баба. Вашата битка е и моја битка – посочи Мицкоски.

Има една Македонија и има само едно Скопје, додаде лидерот на опозицијата.

– Нема Скопје лево или десно од Вардар, зарем луѓето кои живеат десно од Вардар не одат лево од Вардар? Зарем не делиме сите исти судбини, исти проблеми со инфраструктурата, со градоначалници кои досега изневерија и не го додржаа зборот, исти проблеми со болници, училишта, градинки… зарем нашите деца не одат во исти училишта? Тоа е таа заедничка судбина и тоа е идејата за која се борам. Сите мора да сфатиме дека сме исти и дека делиме иста судбина! И да се бориме заедно да создаваме подобро, подобро денес, но и една нова подобра иднина, подобро утре! Ние сме еден народ, сите ние треба да веруваме во себе и да бидеме лојални кон сопствената иднина, сите ние под ова небо, да ја браниме таа една Македонија! Затоа што немаме друга. Зарем мислите е лесно надвор? Зарем мислите дека таму сите ве чекаат со раширени раце и ви врнат пари. Не! Сум бил, знам како макотрпно се заработуваат пари надвор. И таму секогаш ќе си туѓ. А овде си свој меѓу своите. Само мора да веруваш во тоа. Јас верувам во тоа. Ве молам приклучете ми се во таа моја верба и во тој мој сон – посочи Мицкоски.

Исто така, тој запраша: Знаете ли зошто се толку силни и подли нападите кон Данела Арсовска?

– Затоа што таа е сè што Шилегов и Заев не се во политиката. И тие пробуваат да ја убијат секоја различност и свежина во политиката со море од лаги, измами и манипулации, за да секој нормален човек се откаже од политичката битка и се обесхрабри. И токму затоа многумина се повлекуваат и се потргнуваат на страна, и им се гади од политика. И таквите хајки и брутални црни кампањи доаѓаат од луѓето кои на питачки стап дојдоа во политиката, а сега се вистински олигарси тешки по неколку милиони евра, куќи, станови, злато, хациенди…што уште не. Тоа е нечесна заработка на грбот на народот. И затоа тие ја напаѓаат секоја здрава клетка која ќе им се спротивстави. Но да ви кажам нешто, силата на Данела и нашата сила извира од мотивот да ги менуваме неморалот и работите што Шилегов и Заев ги претставуваат во политиката. И затоа кога удираат тие ниско, ние ќе одиме многу високо. Данела Арсовска не е политичар како Шилегов, и му благодарам на Бога за тоа. Таа е човек менаџер која ќе работи за градот. И не ја разбираат тие таа филозофија на жената, тој силен мајчински инстинкт за спротивставување и борба за вистинска слобода и напредок. Данела Арсовска е тоа што му е потребно на Скопје, мајка на градот, посветеност, за промени кои ќе го направат градот модерна метропола. Излезете и заокружете го бројот 82. И заедно со Советот на Градот Скопје каде имаме мнозинство ќе работиме за модерно Скопје, заедно со градоначалниците кои повеќето се од ВМРО-ДПМНЕ, но и со останатите. Опозицијата создава блок кој ќе го порази Заев. Тоа е блокот и гласот на сите против Заев и таквите како Шилегов. Велеа дека е невозможно да се обединиме, еве нè, обединети и силни, рака за рака против политичарите кои го крадат народот. И затоа ќе победиме силно – истакна Мицкоски.

Поврзани содржини