Мицкоски: Случајот Рашковски го нацртав утрово, се е договорено
Во текот на утрото јас објавив еден статус на социјалните медиуми на Фејсбук, каде што кажав дека практично пријателите и соработниците на Заев на распит се носат со рацете во џеб, а додека пак сите оние кои што Заев ги смета за свои непријатели и противници им се ставаат лици на рацете
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 рече дека тој уште сега може да предвиди како ќе се одвива случајот со Драги Рашковски и смета дека сето тоа е договорено.
– Македонија е практично мала земја и се се знае. Неколку дена однапред се најавуваше дека ова ќе се случи. Тоа уште започна со сценариото со неговата оставка од кабинетот на Заев, како негов соработник или советник, што и да е таму. Па се шпекулираше дека ќе заврши само со одземена патна исправа, па како поминуваат деновите велеа дека ќе добие куќен притвот. Еве доби куќен притвор, јас го најавив. Може и да ви кажам и чекор понатаму што ќе се случи. Еве можда ќе се прошири со дополнителни две обвиненија неговата пријава па можеби ќе биде променета оваа мерка притвор, наместо куќен да биде ефективен – истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека како што разбрал веќе и обвинителството се жали на одлуката на судот.
-Во текот на утрото јас објавив еден статус на социјалните медиуми на Фејсбук, каде што кажав дека практично пријателите и соработниците на Заев на распит се носат со рацете во џеб, а додека пак сите оние кои што Заев ги смета за свои непријатели и противници им се ставаат лици на рацете – појасни Мицкоски.