Мицкоски: Сите вчудоневидено го гледавме Заев како лиферува датуми за избори во пандемија

598

Зачудувачки беше што Заев на лидерската средба почна да лиферува датуми, додека сите други зборуваа за здравјето на граѓаните. Сите бевме вчудоневиени како во услови на пандемија Заев кажува датуми и така стаса до 14 јуни, а ние вчудоневидено го гледавме, раскажа Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ кој вечерва е гостин на „Топ тема“ на Телма како течела дискусијата вчера во претседателската резиденција.

– Верувам и во Комисијата за заразни болести и во техничката влада и тие треба да кажат дека може да водиме кампања без да го загрозиме здравјето на граѓаните. Знам, дека тие луѓе положиле заклетва и очекувам да кажат дали да влегуваме во кампања. Ние ќе водиме фејсбук кампања, а утре ќе имаме фејсбук влада – рече Мицкоски.






Тој објасни дека на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски било разговарано и за  времето кое и е потребно на ДИК за да организира фер и кредибилен процес, ажурирање на Избирачкиот список, како и да се добие одговор од Мисијаа на ОБСЕ/ОДИХР дали и кога ќе можат да испратат своја мисија за следење на евентуални избори.

– Исто така, зборувавме и за првиот датум кога може да имаме избори, а дури потоа да се отвори прашањето дали тој датум е прифатлив за сите партии – додаде Мицкоски.

Тој уште еднаш повтори дека ВМРО – ДПМНЕ и тој како лидер не прифаќаат да се оди на избори по цена на човечки животи.

– Доколку цената е да се изгyби и еден човечки живот, тогаш јас не сакам да бидам дел од тоа – рече Мицкоски.

 

Поврзани содржини