МИЦКОСКИ СЕ ЗАПОЗНА СО БРЕНАН Новиот директор на ИРИ е информиран за состојбите во земјата
Претседателот Мицкоски вели дека е потребно одржување на предвремени парламентарни избори се со цел граѓаните да можат да одлучат за својата иднина и промените кои се неопходни на секое поле.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со новиот директор на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) Крис Бренан за Република Македонија.
Претседателот Мицкоски му посака добредојде на директорот Бренан со надеж дека и во иднина ќе продолжи и дополнително ќе се интензивира соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ.
На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во државата, како и потребата од одржување на брзи предвремени парламентарни избори.
Од партијата информираа дека од страна на Мицкоски било укажано дека државата се соочува со економска, енергетска и здравствена криза, а поради слабиот капацитет на власта на СДСМ и Димитар Ковачевски за кој како што рече нема легитимитет од страна на граѓаните, потенцијална е и политичка криза која негативно ќе влијаа врз граѓаните, но и врз државата.
Претседателот Мицкоски вели дека е потребно одржување на предвремени парламентарни избори се со цел граѓаните да можат да одлучат за својата иднина и промените кои се неопходни на секое поле.
Соговорниците се согласија на понатамошна соработка и продлабочување на односите, каде што од страна на претседателот Мицкоски беше нагласено дека ИРИ е важен фактор бидејќи изминатиот период придонел за јакнење на политичките капацитети на ВМРО-ДПМНЕ.