Мицкоски се сретна со пазарџиите: Извадете ги розевите очила, народот живее во сиромаштија

Она кое што можев да го слушнам, навистина е страшно, тажно, но истовремено и разочарувачки и дополнително нè мотивира да истраеме и да се бориме, и да направиме подобра држава од оваа која што денеска ја доведе Зоран Заев и ова раководство на СДСМ и оваа Влада, коалиција СДСМ-ДУИ - истакна Мицкоски.

484

Денеска сме тука во центарот на Скопје на зеленото познато, популарно пазарче, разговаравме со луѓето кои што тука и го печалат својот леб. Од тој леб го хранат и своето семејство, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната средба со пазарџиите на Зелен пазар во Скопје.

– Разговаравме и за начинот како властите овде во Општина Центар, во градот Скопје се однесуваат со нив. Како се задоволни, т.е. да бидам попрецизен незадоволни од моменталната ситуација во која што самите работат и во која што државата се наоѓа. Она кое што е важно, да кажам, дека наместо розевите очила кои што се обидуваат владата и скапо платениот ПР со нормално државни и крадени пари да го претстават, овие луѓе овде буквално солзи ронат и едвај од крај со крај врзуваат. Она кое што можев да го слушнам, навистина е страшно, тажно, но истовремено и разочарувачки и дополнително нè мотивира да истраеме и да се бориме, и да направиме подобра држава од оваа која што денеска ја доведе Зоран Заев и ова раководство на СДСМ и оваа Влада, коалиција СДСМ-ДУИ – истакна Мицкоски.






Во периодот којшто следи, додаде тој, вакви посети се императив и за нас како политичка партија, заедно со граѓаните да ја напишеме следната би рекол изборна програма која што ќе биде дел од локалните избори.

– Но, истовремено и да се подготвиме за нови предвремени парламентарни избори на кои што оваа Влада ќе биде минато, и ќе дојде Влада која што ќе работи за интересите на граѓаните, и за интересите на Македонија. Она што можам како човек да се обврзам, како нивен сограѓанин е дека сето свое знаење, сето време кое што ќе ми биде на располагање ќе работам исклучиво за интересите на овие луѓе, бидејќи нема поголемо задоволство за човек да направи друг човек среќен – рече Мицкоски.

Поврзани содржини