МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО МАКЕДОНЦИ ШТО ЖИВЕАТ ВО СРБИЈА Испратена е порака за обединување и сплотеност на Македонците во Србија

Средбата доаѓа во пресрет на одбележувањето на 80-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина.

0

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал средба со претставници на  Македонската заедница во Србија.

На средбата што се одржала во владата присуствувале министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и заменик – министерката за европски прашања Викторија Трајков.

„Состанокот помина во дух на конструктивен дијалог и заедничка визија за иднината. Беше испратена силна порака за обединување и сплотеност на Македонците во Србија. Истакната беше и  важноста од координирана и континуирана комуникација, при што Македонскиот национален совет ќе има улога на главен и синхронизиран канал за поврзување и застапување на интересите на заедницата“, пишува во објавата на премиерот на Фејсбук.

Соговорниците се согласиле дека само преку заедништво, взаемна поддршка и институционална координација може да се обезбеди посилен глас и подобра иднина за Македонците во Србија.

Средбата доаѓа во пресрет на одбележувањето на 80-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина.

Поврзани содржини