Мицкоски се обврза на најмалку 640 милиони евра субвенции: Правда ќе има од Гевгелија до Тетово, од Дебар до Делчево

272

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати пред жителите на Демир Хисар и рече  дека власта не направи ништо за граѓаните во изминатиот мандат. 






– Можеа да го направат Македонецот погорд, по достоинствен да го сочуваат она што ни го оставиле нашите предци, за што ги положиле нивните животи. Ама тие капитулираа не засрамија, предмет за подсмев сме во Европа. Можеа да направат пристојно и достоинствено место за живеење но не успеаа. Можеа да направат 30.000 денари просечна плата. Можеа да донесат повеќе странски инвестиции. Можеа ако сакаа и ако малку повеќе работеа  и Гугл и Фејсбук и оној помалку шеретски најавувам автомобилски гигант мислејќи на Фолксваген да ги донесат, но не успеаа. Можеа многу работи да направат ама ништо не направија. Само не засрамија. Се среќавам на нивната парола нема правда нема мир можеа навистина да донесат правда наместо партократија во обвинителството и во судството можеа да донесат правда наместо Луј Витон куферчиња во обвинителството и трас трас одлуки во судството – истакна Мицкоски.

Можеа да донесат мир наместо немир што го чустуваат синовите и ќерките на оние македонци што животот го загубија за нашата Македонија во Диво Насеље. Можам да го замислам немирот на родителите на дечињата што беа убиени на Смилковско езеро. Денес убијците шетаат слободни без да одговараат за тоа. Можам да го почуствувам гневот на родителите на Нешковски, на Јанушев, на Кољо, рече Мицкоски. 

Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ создаде програма во која се обврза на најмалку 25 % повисока просечна плата во еден четиригодишен мандат. Се обврзавме на најмалку 20 % повисоки пензии за пензионерите во еден мандат и враќање на старото законско решение.

Мицкоски издвои неколку проекти за граѓаните:

– Се обврзавме на најмалку 640 милиони евра субвенции за земјоделците и загарантиран откуп во овој проект обнова се обврзавме на најмалку ,1000 километри реновирани патни правци локални и регионални. Се обврзавме на најмалку еден универзитет да учат нашите млади да се образуваат кој што ќе биде меѓу првите 1000  на Шангајската ранг листа. Се обврзавме на реновирани  студентски домови се обврзавме на најмалку еден студентски град почитување на колективниот договор во образованието за повисоки плати на професорите и наставниците во основните и средните училишта. Се обврзавме на нов пристап во економијата привлекување на странски и домашни директни инвестиции со висока додадена вредност наместо  нивните криминални иновации – рече Мицкоски.

Тој вети правна држава. Се обврза заедно со професорката Силјаноска на право и правда.

– Се обврзувам на тоа дека нема да ми требаат четири години, туку само шест месеци да спроведам правда во државата. Без разлика дали е политичар, определен или неопределен, ВМРО или СДСМ, ДУИ, Алијанса или било кој друг. Ако некој ги погазил законите во државата, за тоа ќе одговара. Правда ќе има од Гевгелија до Тетово, од Дебар до Делчево – порача Мицкоски.

Правда ќе има низ целата Македонија, додаде лидерот на ВМРО – ДПМНЕ.

– Еве денеска видовме како лажат дека оние 500 евра плата, односно 30.000 денари, сега во овој мандат ќе биле 36.000 денари. На нив им требаа три и пол години за од 22.500 да ја покачат на 25.000 денари, а сега дрско лажат дека таа ќе изнесува 36.000 денари, иако народот не ги дочека ниту оние 30.000 денари. Овие луѓе не само што не веруваат во тоа што го зборуваат, туку веќе и се губат набројувајќи невистини. Зборуваат нелогични и работи кои се надвор од здравиот разум. Многу е важно на 15-ти јули да излеземе масовно, да заокружиме број 14. Да го заокружиме името на маестро Игор Дурловски. Потребна ни е голема победа, за да немаме пост изборни гимнастики и уценувања, оцени Христијан Мицкоски.

На крај сакам да кажам неколку реченици за маестро Дурловски. Тоа е човекот кој е сакан дома, а почитуван надвор, насекаде низ светот. Човекот пред кој се поклонуваат луѓето и уметниците во светските театри.  Луѓето со големо воодушевување му ракоплескаат и му се восхитуваат на неговите настапи. Игор Дурловски е човек кој е чесен, честит, патриот. Човек кој ја сака Република Македонија. Затоа на 14-ти јули излезете масовно на гласање. Заокружете го бројот 14 и гласајте за маестро Дурловски. Гласајте за човекот во кој лежат промените – повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Поврзани содржини