„МИЦКОСКИ СЕ КИТИ СО ТУЃИ ПЕРЈА“ Битиќи вели дека неговиот кабинет ја сработел инвестицијата на ЕПСОТЕХ

443

Поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи денеска преку социјалната мрежа „Фејсбук“ реагираше на објавата на премиерот Христијан Мицкоски за новата германско-белгиска инвестиција.

Битиќи наведува дека се работи за инвестиција што ја работел неговиот кабинет.






– Да, да: има разлика! Некој се кити со туѓи перја и ја објавува инвестицијата на EPSOTECH како своја (и тоа пред да се финализирани сите процедури), а некој чека(л) додека се изјаснат сите релевантни институции за да се потврди договорот за соработка. Благодарност до ВМРО-ДПМНЕ што ги потврдува и продолжува планираните инвестиции кои мојот (сега веќе поранешен) кабинет професионално и прецизно ги сработел во изминатиот период. Работа а не ПР е потребна за нашата татковина да го доживее прогресот што го заслужува“, напиша Битиќи.

Тој посочува дека заедно со „EPSOTECH“ има уште шест други инвестиции за кои се изработени договорите за поддршка и го чекаат последниот филтер во Комисијата за заштита на конкурентноста кои од принципиелни причини и изборниот процес не биле обзнанени.

ГЕРМАНСКА „ЕПСОТЕХ“ ЗАЕДНО СО БЕЛГИСКАТА „АИМ“ ЌЕ ГРАДАТ ПОГОН ВО ПЕТРОВЕЦ Мицкоски соопшти дека инвестицијата тежи 20 милиони евра

Поврзани содржини