МИЦКОСКИ СЕ ДРУЖЕШЕ СО ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ПРАЗ ВО ВАСИЛЕВО Празот од Градошорци е еден од најквалитетните во земјава

Во земјава годишно се произведува од 300 до 700 тони праз. 

732

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствувал на Празијадата во селото Градошорци, Општина Василево. Ова село е најголем производител на оваа земјоделска култура во земјава. Празот од Градошорци е еден од најквалитетните во земјава.

„Ова е настан кој веќе традиционално го собира народот од целата околина за да се прослави богатството на локалната земја и трудот на вредните земјоделци. Настанот беше исполнет со прекрасна енергија и дружење, имав можност да разговарам и со локалните производители кои што со гордост ја негуваат оваа традиција“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.






Празијадата која секоја година се организира во ова село  има за цел да ја промовираа оваа култура која наоѓа голема примена во македонската традиционална кујна но и современата гастрономија.

Покрај промоцијата на празот, оваа Манифестација овозможува на едно место да се најдат производителите преработувачите, но и сите трговци, заедно да разговараат и да споделат искуства и секако да најдат нови пазари за пласман на празот.

Во земјава годишно се произведува од 300 до 700 тони праз.

Поврзани содржини