Мицкоски: Сè додека сум во ВМРО-ДПМНЕ, Преспанскиот договор нема да биде завршена работа
Не може вие да имате двојни стандарди, ако е некој пропреспа тогаш да му дадете дозвола за убивање, да прави што сака, да краде, да нема реформи, да лаже. Не може. Тоа не го прифаќам, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа.
Не може да е завршен Преспанскиот договор, а ние да сме најкорумпираната и најкриминалната држава во Европа и тоа на 111-то место сме. Не може да е завршен Преспанскиот договор бидејќи не сме земја членка на ЕУ. Не може додека постои ВМРО-ДПМНЕ да е завршен Преспанскиот договор, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисјата „Заспиј ако можеш“ на Алфа.
Тој додаде дека сè додека е на чело на партијата, Преспанскиот договор нема да биде завршена работа.
– Не може да му се дозволи тој што го поддржува договорот да му дадете право да краде. Не може вие да имате двојни стандарди, ако е некој пропреспа тогаш да му дадете дозвола за убивање, да прави што сака, да краде, да нема реформи, да лаже. Не може. Тоа не го прифаќам – рече Мицкоски.
Лидерот на најголемата опозициска партија во земјава посочи дека тоа е не е дел од неговите вредности.
– Во Македонија не треба да имаме криминалци во политиката, корумпирани политичари. Во Македонија мора да владее законот и да има реформи – истакна Мицкоски.