„МИЦКОСКИ САМО ИМ ГО ГУБИ ВРЕМЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ“ Ковачки вели дека битката помеѓу Скопје и Софија е бесмислена
Бугаркиот европратеник Андреј Ковачев најави дека бугарските европратеници имаат намера да го поканат Љубчо Георгиевски во Брисел за да ги слушне известувачите и да разбере „што значи да признаеш во РСМ дека си Бугарин и кога објавуваш историски факти за Ванчо Михајлов“.
„Премиерот на Република Северна Македонија, со своите толкувања на непостоечки текстови, им го губи времето на сопствените граѓани во оваа бесмислена битка со Бугарија“, порача бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во интервју за Бугарското национално радио.
Тој се осврна и на Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот Томас Вајц.
– Четири политички групи се согласија дека текстот треба да се разјасни на местата каде што се зборува за македонскиот идентитет и јазик, да се додаде зборот „модерен“, дека станува збор за сегашниот, нов идентитет и јазик. Гласањето (за таа промена) не можеше да се одржи бидејќи беше блокирано од шест лица од група таканаречени патриоти, кои се спротивставија на тоа под доминација на групата на Виктор Орбан, што го спречи ова усвојување. Но, веднаш потоа, координаторот на ЕПП објави дека амандманите ќе бидат предложени во пленарната сала во јули. И текстот ќе стане недвосмислен. Текстот и сега е таков, но има толкувања дека ЕП само што не го признал „вековниот идентитет и јазик“, што ги прави премиерот на РСМ – изјави Ковачев.
Тој објасни дека мнозинството од групите во Европскиот парламент, меѓу кои и конзервативците и реформистите, се приклучуваат кон промената, па затоа има јасна поддршка за фактот дека текстот мора категорично да се прецизира, „за да нема шпекулации“.
– Тоа ќе се случеше денеска, но поради пратениците на Орбан, тоа не се случи. Текстот содржи текстови против дискриминација на бугарската заедница, дека не треба да има говор на омраза и дека треба да се исполнат обврските за вклучување на бугарската заедница во нивниот устав, како и почитување на преговарачката рамка – Договорот со Бугарија и Грција и протоколите мора да се почитуваат – истакна Ковачев.
Ковачев најави и дека бугарските европратеници имаат намера да го поканат Љубчо Георгиевски во Брисел за да ги слушне известувачите и да разбере „што значи да признаеш во РСМ дека си Бугарин и кога објавуваш историски факти за Ванчо Михајлов“.