МИЦКОСКИ САКА ДА ПРОДОЛЖИ ТАМУ КАДЕ ШТО ЗАПРЕ ГРУЕВСКИ Заев смета дека стари кадри и нова иднина не одат заедно

Лидеди дека ВМРО-ДПМНЕ им анмера да ги поништи договорите со соседите и да ја раскара државата со нив.

447

Христијан Мицкоски сака да се врати во минатото, да продолжи каде што застана Груевски, но тоа граѓаните нема да го дозволат, со Најдоброто продолжуваме напред, изјави вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев на собирот во Струмица.

-И сега слушаме, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се расфрлуваат со некои петоцифрени бројки за некакви проекти, што ги ветуваат во некаква нова иднина, но стари режимски кадри и нова иднина не одат заедно, не може луѓе свртени кон минатото да реализираат иднина – рече Заев.

Тој истакна дека Мицкоски сака да си се вратат во минатото, тоа е за него новата иднина за која што само ВМРО-ДПМНЕ сонува.

– Зборува за поништувања на договорите со Грција и со Бугарија. Пак ќе ја испокараат државата со сите соседи. Ќе продолжат да го делат народот со режимски тактики, таму каде што застана Груевски и да го подриваат соживотот, за јавноста да се занимава со страв за својата безбедност, а тие да продолжат да крадат .Ако ни зборува за таква нова иднина, во којашто следува Најлошото, а не Најдоброто – ред е и на овие избори, по 7-ми пат да му речеме: Мицкоски Не благодарам! – рече Заев.

Тој рече дека  СДСМ не би била СДСМ ако не предводи во промените.

-Даваме шанса на младите, на новата енергија што бухти во нив, кај младите, на желбата и тие на свој авангарден начин да се вградат во сегашноста и иднината. Тешко беше да се донесе одлуката за избор на кандидат за градоначалник на општина Струмица. Одлучивме да дадеме шанса на Костадин Костадинов, дадовме предност на младоста. Повеќе од сигурно е дека на 17 октомври ќе се случи по СДСМ – СДСМ, по Коста – Костадин – рече  Заев.

 

Поврзани содржини