МИЦКОСКИ РЕАГИРА НА АНТИ-КОВИД МЕРКИТЕ Алчноста и лагата се плаќаат со човечки животи

1,007

Пред 45 дена не убедуваше по петти пат дека во август или најдоцна на почетокот на септември ќе прогласеле победа над епидемијата (слика 1), а денес имаме нови 588 заболени и 8 починати (слика 2). Трчаа по провизии од сомнителни азиски посредници и наместо да се борат да обезбедат вакцина плус тие нудат мерки како во времето на средината од 20-от век. Го поделија народот за пусти пари и власт, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

 

„Новиот пакет на анти ковид мерки го дели народот и не помага. Прашуваат што треба: треба систем кој подразбира системски чекори. Она што го имаме денес е справување со последиците од немањето систем. За жал тоа и овој пат се плаќа со човечки животи…

 






Одговорност ќе има…, затоа за нешто повеќе од 2 месеци граѓаните одлучуваат дали оваа неспособност, безидејност, криминал, корупција, срам и понижувања ќе продолжат или нови луѓе со нова енергија, знаење и цели ќе ја вратат Македонија на победничките патеки, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Поврзани содржини