МИЦКОСКИ РАЗГОВАРАЛ СО ШЕИКОТ ОД КАТАР Се заложиле за зајакнување на пријателските односи и за нови соработки
Премиерот Христијан Мицкоски денеска телефонски разговарал со премиерот и министер за надворешни работи на Катар, шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани.
„Изразив поддршка за државата и разбирање за сложеноста на ситуацијата на Блискиот Исток. Разменивме мислења и за актуелните регионални и глобални предизвици, при што ја нагласивме важноста од стабилноста, мирот и соработката. Заеднички ја истакнавме заложбата за натамошно зајакнување на пријателските односи и отворање нови можности за соработка во интерес на нашите граѓани и економии“, објави Мицкоски на неговиот профил на Фејсбук.