Мицкоски: Разбиена е уште една владина лага, нема договор со Фајзер, ама има провизии за кинески вакцини
Тоа што сте неспособни сите знаеме, ама тоа што ги лажете граѓаните, луѓе животи губеа и губат, голем дел трауми ќе носат со себе цел живот, ви ветувам дека ќе има одговорност, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Разбиена е уште една владина лага, нема договор со компанијата „Фајзер“, а има провизии за кинеските вакцини, напиша лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на социјалната мрежа Фејсбук.
„Обновено. Разбиена уште една владина лага. Нема договор со Фајзер, а има провизии за кинески вакцини. Тоа што сте неспособни сите знаеме, ама тоа што ги лажете граѓаните, луѓе животи губеа и губат, голем дел трауми ќе носат со себе цел живот, ви ветувам дека ќе има одговорност. Порано или подоцна. Подгответе се“, напиша Мицкоски.