Мицкоски: Прво да ги санираме последиците од пандемијата, потоа на избори ВИДЕО

Овој пат врз основа на тоа што го рефлектира во јавноста Пендаровски нема да ја повтори истата грешка и на лидерската средба помеѓу 10 и 12 мај ќе зборуваме за справување конечно со вирусот ковид-19, економското заживување на државата, да ја коментираме резолуцијата која што предизборно злоупотребувајќи ги тогаш локалните избори Бугарскиот парламент ја донесе, па дури потоа можеби како четврт или некој подолен приоритет може да зборуваме како понатаму до следните парламентарни избори.

318

Задоволен сум што конечно и Заев признава дека не сме сите исти. Има политичари кои што власта не им е приоритет, туку приоритет им е здравјето на граѓаните и има политичари кои што сакаат да го ублажат поразот на следните парламентарни избори кога и да се случат и не водат сметка за здравјето на граѓаните, за економијата и сета онаа криза која што владее во државава и која што е резултат на вирусот ковид-19, кој што се случи и кај нас, не останавме надвор од она што се случуваше во светот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прашањето дека власта не крие дека планира брзи избори и за иницијативата пред Уставниот суд за враќање на пратениците во Собранието.

Тој повтори дека  во првите три приоритети на ВМРО-ДПМНЕ не се изборите туку како пандемијта да остане целосно зад нас, да застане на нозе економијата да се врати самодовербата помеѓу македонските граѓани.






– Сите ние и вие знаме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи кога и да се случат тие избори, но ниту јас сакам да бидам мандатар, а ниту ВМРО-ДПМНЕ да биде мандатар, а истовремено да ги брои илјадниците заболени од вирусот и десетиците кои ќе ги изгубат своите животи. Избори ќе се случат тогаш кога ќе има услови за фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на тие избори и ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада која ќе ги санира сите последици кои што се резултат на оваа пандемија која што завладеа и тоа не треба да се грижат граѓаните. Сосема на крај да сумирам, јас сум навистина задоволен што конечно и самиот Заев потврди дека на македонската политичка сцена не се сите исти,  и те како сме различни. Има такви на кои што фотелјата им е пред сѐ, има такви на кои што здравјето и животот на граѓаните им е пред се – рече Мицкоски.

За иницијативата пред Уставниот суд лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека колку што има информација во минатото имало поднесено една таква иницијатива која што требаше да ја оценува уставноста на распуштањето на пратениците и дека тогаш Уставниот суд ја отфрли како неоснована.

– Слична некоја таква иницијатива претпоставувам ќе се најде на дневен ред сега или воопшто нема да се најде на дневен ред во среда. Да почекаме Уставниот суд да се произнесе и дури потоа ние како политичари ќе ја коментираме од наше гледиште  одлуката која што ќе ја донесат уставните судии – изјави Мицкоски.

На прашањето дека Заев изјавил дека кризата предизвикана од ковид-19 не е единствената причина поради која ВМРО-ДПМНЕ не сака избори, туку дека ќе изгубат бидејќи рејтингот не е добар за неговата партија, Мицкоски одговори дека не би ги коментирал рејтинзите.

– Тоа што Заев го чита како бројки претпоставувам дека и врз основа на тоа носи определени заклучоци. ВМРО-ДПМНЕ и јас лично сме убедени во убедлива победа на следните парламентарни избори кога и да се случат, така што еве изјавата на Зоран Заев ја сметам како негов момент на слабост, храбрење во рамките на раслоената сопствената партија, раслоеното партиско ткиво. Но, и тоа е легитимно да се бори да создаде некаква привидна артифицијална кохезија внатре во самата негова партија, она што ние како ВМРО-ДПМНЕ можеме да го кажеме е дека и вие и сите ние знаеме кога и да се случат тие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, Зоран Заев нека ги коментира бројките. Се сеќавате во минатото често пати коментираше бројки и за референдумот и за претседателските избори, но за жал бројките подоцна во реалноста го демантираа. Така ќе биде и овој пат и ќе доживее голем пораз. Но, повторно ќе кажам, ниту мене лично, ниту на ВМРО-ДПМНЕ не ни треба власт по цена на човечки животи. Прво да ги санираме последиците кои што се резултат на оваа пандемија и разумно е потоа да одиме на избори каде што СДСМ ќе загуби – рече Мицкоски.

На прашањето како мисли да се продолжува вонредната состојба ако нем избори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека на лидерската кај претседателот на државата Стево Пендаровски ќе се зборува за тие дертали.

– Очекувам дека помеѓу 10 и 12 мај како што најави претседателот Пендаровски ќе имаме лидерска средба и малку повеќе околу тие детали ќе зборуваме на самата лидерска средба. Навистина жалам што вториот пат кога се продолжи вонредната состојба како ВМРО-ДПМНЕ не бевме консултирани. Навистина жалам што тогаш претседателот ја испушти можноста да каже дека е претседател на сите граѓани, а не да ги подели на тие кои што се од владејачката коалиција и ние кои што сме од опозицијата. Овој пат врз основа на тоа што го рефлектира во јавноста нема да ја повтори истата грешка и на таа лидерска средба помеѓу 10 и 12 мај, чекаме да ни кажат кој термин, ќе зборуваме малку поотворено за сите оние теми кои што живот значат, а тоа се пред се справување конечно со вирусот ковид-19, економското заживување на државата, да ја коментираме резолуцијата која што предизборно злоупотребувајќи ги тогаш локалните избори Бугарскиот парламент ја донесе, па дури потоа можеби како четврт или некој подолен приоритет може да зборуваме како понатаму до следните парламентарни избори и се надевам дека потоа ќе следи еден состанок на експертите како што тоа беше првиот пат да најдат начин како што тоа беше првиот пат како понатаму да продолжиме да функционираме врз основа на тој политички договор а во согласност со Уставот и законите на Македонија – одговори Мицкоски.

 

Поврзани содржини