МИЦКОСКИ ПРИЗНА ЗА КРИМИНАЛОТ Од СДСМ укажуваат на злоупотребите на градоначалниците, а за лидерот на ВМРО нема ништо спорно во договорите за улично осветлување

Ќе се обидам да ви објаснам. Законот за енергетика е јасен. Од слободниот пазар се компаниите или институциите коишто годишно остваруваат профит поголем од два милиони евра односно обрт на средства и имаат повеќе од 50 вработени, рече првиот човек на опозицијата.

1,462

Мицкоски рече дека со тоа што јавните претпријатија на општините ќе се грижат за јавното осветлување, парите кои ќе ги заштедат ќе ги вложуваат за проекти коишто се од интерес на граѓаните, но на ова реагираа од СДСМ кои велат дека Мицкоски призна дека негови градоначалници правеле злоупотреби со уличното осветлување, наместо да ги правда да каже кои се тие градоначалници.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски објасни за тоа како тој гледа на она што вчера го објави првиот регулатор во врска со општините кои формирале јавни претпријатија и преку нив наместо на слободниот на слободниот пазар стигнале до користењето на електрична енергија по поевтина цена за улично осветлување и дали тоа според него има основа тоа да го прави локалната самоуправа, дали може да се толкува дека на некој начин го злоупотребиле. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека тука нема ништо спорно туку јавните претпријатија на општините ќе се грижат за јавното осветлување, тие се тие коишто ќе стопанисуваат а парите ќе ги вложуваат за проекти коишто се од интерес на граѓаните како улици, канализации, водоводи, реновирање на градинки, училишта.






– Ќе се обидам да ви објаснам. Законот за енергетика е јасен. Од слободниот пазар се компаниите или институциите коишто годишно остваруваат профит поголем од два милиони евра односно обрт на средства и имаат повеќе од 50 вработени. Тогаш тие по пат на автоматизам приоѓаат на слободниот пазар и таму купуваат струја. Сите компании коишто во случајот немаат обрт поголем од два милиони евра и 50 вработени се на условно кажано регулираниот пазар и ЕВН фонд ги снабдува со регулирана цена којашто ја дава Регулаторната комисија за енергетика. Општините во Македонија а тоа се неколку такви, еве ќе ви дадам пример, Штип, Охрид мислам дека и Валандово, Куманово итн. веќе имаат јавно-приватно партнерство со компанија којашто има за задача да ги смени сијалиците во општината со енергетски ефикасни и на тоа право полага потоа да ги собира таксите од граѓаните во таа општина коишто граѓаните ги плаќаат преку сметките за јавно осветлување и тоа го дава оваа регулаторна комисија и тогаш обврската на општината е пренесена на тоа приватно лице. Еве ќе ви дадам едно такво приватно лице, слободно испитајте исто така тоа лице е вмешано и со фарма бизнисот односно е лице коешто доаѓа од еден град од југозападна Македонија и коешто сега брзо стана ко-сопственик на една веледрогерија а зошто е ова лице познато во јавноста ќе ви стане познато, се доведуваше во врска со поранешниот министер за здравство и поранешниот премиер. И тоа го направило оваа регулаторна комисија и ова ЕВН го направило односно ова ЕВН кое им дало дозвола да се префрли правото на броилото од општината на тоа приватно лице. Парите коишто тоа приватно лице ги собира од граѓаните се огромни, милиони се годишно. Е сега општините велат вака, бидејќи ние имавме избори во октомври-ноември, веќе во декември-јануари сите компании ни ги раскинаа договорите, нови компании не се пријавуваат а согласно закон вие морате да обезбедите електрична енергија а како ја обезбедуваат, преку снабдувачот во краен случај кој според правилникот снабдува електрична енергија по цена купувач плус 50 проценти. И сега што се случува тука, тој волумен што го собира ЕВН на пари го декларира во регулаторна и регулаторна е таа којшто треба да одреди дали треба повеќе или помалку пари, а тоа е огромен волумен на пари, значи овие 250 евра плус 50 проценти, тоа 375 евра, и општините сега веќе немаат пари и викаат вака, ние имаме јавни претпријатија, тие ќе се грижат за јавното осветлување, тие се тие коишто ќе стопанисуваат а парите ние ќе ги вложиме за проекти коишто се од интерес на граѓаните тоа е улици, канализации, водоводи, реновирање на градинки, училишта бидејќи тоа не го прави државата. И тука не ги двојам општините на ВМРО, СДСМ, ДУИ, Алијанса, зборувам за сите. И сега дали е тоа исправно? Да. Дали е законски, да, дали е етички морално, да, дали е некој којшто требало да произведе, бидејќи ако оние произвеле овие 90 гигават часови се само еден процент, ако овие произвеле еден терават часови повеќе тогаш ние ќе немавме таков проблем. За жал тие се обидуваат да ги испљачкаат граѓаните, тоа е најголемиот проблем – рече Мицкоски.

На ова од СДСМ реагираа дека со невешти оправдувања, Христијан Мицкоски денеска призна дека дел од општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ направиле злоупотреба, формирајќи јавни претпријатија преку кои електричната енергија за улично осветлување од ЕВН ја добиваат по цена за домаќинства.

– Мицкоски треба да знае дека АД ЕСМ произведува електрична енергија за граѓаните и стопанството, а не за неговите градоначалници да прават малверзации со струјата на штета на граѓаните. Преку одговорен пристап АД ЕСМ ја надминува енергетската криза, без притоа да има какви било рестрикции или драстично зголемување на цената како што беше случај со некои држави во регионот и Европа. Наместо да ги правда, ВМРО-ДПМНЕ да ги каже општините каде неговите градоначалници преку злоупотреби го прекршиле законот и на тој начин предизвикуваат поголемо покачување на цената на електричната енергија – се вели во соопштението од СДСМ.

Поврзани содржини