МИЦКОСКИ ПОВИКА НА НАРОДЕН ОТПОР ЗА ПРОМЕНА НА ВЛАСТА Во тек е внатрешна лесна катарза во ВМРО-ДПМНЕ

642

Ценам дека час поскоро, ако се одговорни и ако мислат добро на граѓаните и на Македонија дека треба да седнеме на една лидерска средба, да ги договориме правилата на играта и да одиме на предвремени парламентарни избор, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.

Мицкоски истакна дека следува катарза и во другите органи на партијата додавајќи дека добро е да има освежување и промени онаму каде што има слаби резултати укажувајќи дека потребно е континуирано да се подобруваат.






– Повикавме на еден општ фронт, општествена поддршка, мобилизација на граѓаните, во тек се внатрешна лесна катарза во ВМРО-ДПМНЕ после локалните избори, определени би рекол кадровски поместувања, најпрво во Извршниот комитет, сега во другите органи на партијата ќе има во Општинските комитети, и цениме дека тоа е добро и здраво и покрај тоа што имавме историски резултати и во првиот и во вториот круг, добро е онаму каде што треба да има освежување да има освежување, онаму каде што има слаби резултати да се менува нештото, затоа што потребно е континуирано да се подобруваме – вели Мицкоски.

Тој рече дека има неколку начини за да се дојде до предвремени парламентарни избори и се разработува стратегијата, институционална, не не е исклучено и вонинституционална.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ планира протести во наредниот период, Мицкоси потврдно одговори изјавувајќи дека она што е на анкетите како јавно мислење треба да се преслика и на терен

Поврзани содржини