МИЦКОСКИ ПОВЕДУВА ИНИЦИЈАТИВА ЗАПАДЕН БАЛКАН СО ЗДРУЖЕНИ ЕНЕРГЕТСКИ ПРОЕКТИ ДА СЕ ПОЈАВИ НА ИНВЕСТИЦИСКИОТ ПАЗАР Потенцијалот на иницијативата е од неколку милијарди евра
Повод за иницијативата на премиерот е тоа што во следната деценија на светот ќе му недостигаат 40.000 теравати инсталиран капацитет за производство на енергија што е еднакво на моменталниот инсталиран капацитет на САД, Канада, ЕУ и Јапонија заедно.
Премиерот Христијан Мицкоски најави можност регионот заеднички да привлекува енергетски инвестиции за задоволување на светските потреби од енергија во следните 10 години за кои се потребни 40.000 теравати инсталирани капацитети.
Мицкоски, како што изјави во емисијата „Заспиј ако можеш “ на ТВ Алфа, веќе разговарал со дел од своите колеги од Западен Балкан за оваа можност и најави дека за тоа сака да дискутира со сите земји од регионот на следниот состанок ЕУ – Западен Балкан во Подгорица и од тоа да произлезе регионална иницијатива која би се брендирала со име SECI (Skopje Еlectricity Connectivity Initiative).
Тоа, според Мицкоски, би бил регионален пул на проекти кои регионот ќе ги нуди на странски инвеститори.
-Притоа да дефинираме приоритети, од наша страна овој е тимот, од албанска страна е друг тим, од српска е трет тим, црногорска, косовска, босанска, да формираме тимови и да се поделиме на различни центри во светот и да го претставиме тоа што ние го нудиме како регион во делот на инвестициите. Тоа е корисно и за Европа, но и ние како регион да покажеме политичка порака дека ние можеме да се обединиме за повисока цел и можеме заедно да работиме – вели Мицкоски.
Повод за иницијативата на Мицкоски е тоа што во следната деценија на светот ќе му недостигаат 40.000 теравати инсталиран капацитет за производство на енергија што е еднакво на моменталниот инсталиран капацитет на САД, Канада, ЕУ и Јапонија заедно.
Податокот, како што рече Мицкоски , беше изнесен на еден од панелите на Светскиот економскиот форум во Давос.
-Ако ние како држава се појавиме со иницијатива никој може нема да не препознае, но ако како регион Западен Балкан се појавиме, бидејќи далноводите и гасоводите немаат шенген правила, и да привлечеме само 0,1% од тие 40.000 тера вати да изградат тука такви капацитети, тоа се 4 тера вати. Цената на чинење на еден инсталиран мегават е 1 милион американски долари. Ние зборуваме за 4 милиони мегавати, помножено со 1 милион долари, ние зборуваме за 4 трилиони американски долари. Ако го поделиме тоа на 10 години, доаѓаме на 400 милијарди американски долари годишно. Вкупниот номинален БДП на сите шест балкански земји е 250 милијарди долари. А јас ви велам само 0,1% да успееме да ги донесеме од ова што ќе му треба на човештвото во следната деценија – вели Мицкоски.