Мицкоски ѝ порача на ЕУ: Преговори веднаш, на македонските граѓани им треба малку ведрина!
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека посакува малку ведрина за граѓаните на Македонија, а тоа е Европската Унија да си го исполни своето ветување за почеток на преговорите.
Преговори треба веднаш, бидејќи Македонија многу одамна ги исполни условите за отпочнување на преговарачкиот процес кон целосно интегрирање во рамките на Европската унија, што е наша генерациска цел, рече Христијан Мицкоски денеска по посетата на Гевгелија.
Според него, целта на премиерот Зоран Заев е само да добие датум за преговори, што е различно од отпочнување преговори и кое што во суштина не гарантира ништо и со тоа да прави парада пред македонските граѓани. Но, додава Мицкоски, македонските граѓани заслужуваат многу повеќе од тоа и заради тоа ЕУ треба да го исполни ветувањето за полноправно членство.
– Така што нашиот став е непроменет, и мислам дека тоа треба да биде став на секој еден граѓанин а тоа е, преговори веднаш. Преговори треба утре да се случат а Европската унија треба да си го исполни ветувањето кое што го даде на овој народ, на Македонија дека веднаш по исполнување на критериумите со кои што Зоран Заев нѐ понижи како народ и како нација и како држава, дека ние ќе го отпочнеме патот кон полноправно членство кон ЕУ – рече тој.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека посакува малку ведрина за граѓаните на Македонија, а тоа е Европската Унија да си го исполни своето ветување за почеток на преговорите.
– Оставам на Зоран Заев едното рамо да му го нивелира другото рамо, само претпоставувам во другото рамо ќе има друг тип на куферчиња кое едно рамо му го бутнале подолу поради тапкањето. Ова не се преговори за Зоран Заев, ова се преговори за граѓаните во нашата преубава Македонија – нагласи Мицкоски.