Мицкоски: Почнуваме со тематски протести, в среда е првиот против високата цена на струјата
ВМРО-ДПМНЕ бара да се ревидира одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и да ја намали маржата за универзалниот снабдувач која влијае на зголемувањето на цената на струјата, појасни лидерот на партијата.
Лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицкоски најави почеток на низа тематски протести поради лошата состојба на економијата и осиромашувањето на граѓаните. Тој ги повика граѓаните, политички партии и невладиниот сектор кои чувствуваат револт кон политиките на актуелната власт да учествуваат на протестите.
Првиот, како што рече, ќе се одржи в среда со почеток во 18 часот и ќе почне од Министерството за правда а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика. Тема на протестот е високата цена на струјата.
– ВМРО-ДПМНЕ бара да се ревидира одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и да ја намали маржата за универзалниот снабдувач која влијае на зголемувањето на цената на струјата – рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсети на лошити политика на власта во економијата кои се преточени во официјалните бројки кои покажуваат пад на економијата и зголемена сиромаштија. Тој ги прокоментира и последните податоци за пад на домашниот бруто производ (БДП) во вториот квартал од 12, 7 отсто, што говори , како што рече, за лошите политики на власта и преземените мерки за надминување на еконосмките проблеми поради коронакризата. Мицкоски рече дека и во воениот конфлик намало олку голем пад на економијата.
Тој рече дека оваа влада владее мафијашки, што се покажува и во однос на пакет мерките кои што ги презеде за справување со коронакризата, а кои според него, не дале резултати.
Според него, не се спроведени никакви реформи во правосудниот систем и владеењето на правото кои резултираа со ница случаи кои го поткопуваат системот и довербата во него.